Хестија

Хестија (старогрчки: Ἑστία) била божица на срцето во старогрчката митологија. Имала браќа и сестри по име - Деметра, Хера, Хад и Посејдон.Штом таа се родила татко и Хрон ја проголтал нејзе и нејзините браќа и сестри, со страв дека кога ќе пораснат ќе се побунат и ќе го симнат од власт.

Хестија, Египeтска таписерија, 6 век

Особености

Славата и големината на Хастија се во тоа што таа е единствена меѓу боговите на Олимпшто не учествувала во војните, кавгите и заговори. Дури и кон љубовните понуди се однесувала претпазливо. По свргнување на Хрон, таа се заколнала во главата на брата си, Зевс, дека ќе остане девица.[1]Хестија е важно божество иако митовите за неа се скудни, таа ги одбила предностите на Посејдон и Аполон заѓто се заветала да остане девица, како Атена, Артемида таа е божица на девственоста, невиноста, но покрај тоа таа е и божица на огништето и неговиот свет оган самото нејзино име ја објаснува нејзината улога, ЕСТИА- на старогрчки јаз значи огниште, меѓу примитивните народи оганот бил одржуван со тешкотии,и доколку немало оган не можеле да ги извршуват секојдневните обврски и поради тоа биле приморани да го чуваат и почитуваат, огништето на почетокот било центар на семејството околу што се собирале и опкружувале, пренесувањето на светиот оган од една во друга населба територија, претставувало врска на чувства и наследство што продолжува, па така и домашното и општественото огниште биле сметани за свети за кои се верувало дека секогаш биле надгледувани од божицата Хестија , а честопати имала и првенство при гозбите и обредот на жртвување, а особено била почитувана како првородено чедо на Хронос и Реја, и припаѓала на постарата генерација на богови.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица