Честер Бенингтон

Честер Чарлс Бенингтон (20 март 197620 јули 2017)[7] бил Американски музичар, текстописец и актер. Тој бил најдобро познат како еден од двата вокали на рок бендот Линкин парк и Dead by Sunrise.

Честер Бенингтон
Честер Бенингтон изведувајќи на „Globe Arena“ во Стокхолм
Животописни податоци
Родено имеЧестер Чарлс Бенингтон
Познат(а) и какоЧези Чез
Роден(а)20 март 1976(1976-03-20)
Финикс, Аризона, САД
ПотеклоАгура Хилс, Калифорнија, САД
Починал(а)20 јули 2017(2017-07-20) (возр. 41)
Калифорнија, САД
Жанровиалтернативен рок,[1] алтернативен метал,[2] рап рок,[2][3] ну метал,[2][3][4][5][6] електронски рок
Занимањамузичар, текстописец, глумец
Инструментивокал, гитара, пијано, тапани
Период на активност1993–2017
ИздавачиWarner Bros.
СоработнициЛинкин Парк, Dead by Sunrise, Julien-K, Grey Daze
Мреж. местоcbennington.com
Значајни инструменти
Hamer Vector flying V guitar
Takamine Guitars
Taylor Guitars
Yamaha Guitars

Ран живот

Бенингтон се родил на 20 март 1976 во Феникс, Аризона. Неговата мајка работела како медицинска сестра, додека татко му бил полициски детектив кој работел со деца жртви на сексуално насилство,[8] и често работел во две смени.[9]Родителите на Бенингтон се развеле кога имал 11 години, грижата за него ја презел неговиот татко.[9] После разводот, почнал да користи многу наркотици како кокаин, метамфетамин, опиум, алкохол, марихуана,[10][11] и ЛСД.[9]

На 17 години, Бенингтон се преселил да живее со мајка му, која откако дознала дека користи дрога му забранила да излегува од дома.[9] Работел во Бургер Кинг пред да започне неговата професионална кариера како музичар.Во меѓувреме, Честер успеал да ја преброди зависноста од дрогата, и во едно од неговите интервјуа најавил дека ќе се откаже од користењето дрога.[12]

Во едно интервју, открил дека бил сексуално злоставуван од страна на негов повозрасен другар на седум годишна возраст.[13] Честер плашејќи се не побарал помош затоа што не сакал луѓето да мислат дека е хомосексуалец или дека лаже, па така злоупотребата продолжила сè додека не наполнил 13.[9] Злоупотребата и ситуацијата дома му влијаеле толку силно што чувствувал потреба „да убива луѓе“ и да побегне.[9] За да се утеши, почнал да слика, да пишува поезија и песни.[9] Тој подоцна го открил идентитетот на насилникот на неговиот татко, но решил да не го продолжува случајот затоа што сфатил дека насилникот бил исто така жртва.[11]

Наводи

Надоврешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица