2020-ти

десетлетие

2020-тите („две илјади и дваесеттите“) — тековното десетлетие кое започна на 1 јануари 2020, а ќе заврши на 31 декември 2029 г. Ова е третото десетлетие на XXI век и III милениум.

Милениум:3-ти милениум
Векови:20-ти век21-ви век22-ри век
Децении:1990-ти 2000-ти 2010-ти2020-ти2030-ти 2040-ти 2050-ти
Години:2020 2021 2022 2023 2024 2025 2026 2027 2028 2029

Tековната пандемија на COVID-19, руската инвазија на Украина и забрзувањето на глобалното затоплување се само некои од случувањата кои досега ги обележаа 2020-тите.

Значајни прогнози и познати настани

  • Взаемодејството на трете главни декадни сончеви циклуси дека престои намалување на сончевата активност, со нискоенергетски период околу 2020 г.[1] Според написот на Џон Мадокс во списанието „Nature“, ова може да го ублажи глобалното затоплување (барем привремено) во 2010-тите и 2020-тите.[2]
  • Под претпоставка дека атлантската повеќедекадна осцилација минува низ 70-годишен квазициклус (по највисоките точки во ≈1880 и ≈1950 г), тековната глобална фаза веројатно ќе ја достигне највисоката точка во текот на оваа деценија.[3][4]
  • Вселенските агенции ЕСА (Европа),[5] КНВУ (Кина),[6] ФКА (Русија),[7] и ИСРО (Индија)[8] планираат секоја од нив да испрати екипаж на Месечината.
  • Според извештај на Националниот совет за разузнавање, САД ќе се соочи со релативен пад на нивната економска и воена моќ, поради подемот на поновите велесили како Кина, Индија и ЕУ и домашните ограничувања на глобалното водство.[9]
  • Војаџер 2 треба да престане да емитува на Земјата.[10]
  • Футуристот Реј Курцвајл прогнозира дека 2029 е најверојатна година кога би се случил епохалниот момент во разојот на вештачката општа интелигенција. Тој очекува дека во овој период сметачите ќе достигнат човечка интелигенција, и дека набргу ќе gi надминат човечките умствени способности.[11]
  • Intel прогнозира дека до 2029 суперсметачите ќе достигнат способност од зетафлопни размери.[12]
  • Се предвидува дека кон крајот на деценијата светското население ќе надмине 8 милијарди, за половина милијарда повеќе од 2020, што претставува забавување на порастот во '10-тите, кога се прогнозира населението да се зголеми за 700 милиони.[13]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица