24 јули (настани)

шаблон на Викимедија
1148 Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534 Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715 Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823 Укинато е ропството во Чиле.
1908 Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923 Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946 Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974 По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002 Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
2014 Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
2019 Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица