Google Play

Гугл плеј (поранешен Гугл Маркет; ребрендиран во март 2012) е мултимедијален сервис од „Google Inc.“, кој претставува интернет-продавница за музика, филмови, книги и апликации за Андроид. На сервисот може да се пристапи преку прелистувач, мобилна апликација и Гугл ТВ [1]. Содржината може да биде бесплатна или наплатена на сите платформи.

Гулг плеј
Официјално лого на Google Play
Екранска снимка
Слика од мрежното место
Вид место
Продавница за апликации
СопственикGoogle
Адресаplay.google.com
КомерцијалноДа
ЗачленувањеПотребно
ПуштеноПредлошка:Започнува (како Android Market)
Предлошка:Започнува (ребрендиран Google Play)
Тековна состојбаОнлајн

Производи

Апликации

Бесплатните апликации се достапни низ целиот свет освен во Иран[2], додека наплатените апликации се достапни во 129 држави[3]. Тие се инсталираат преку уред или далечински преку мрежното место на Гугл Плеј. Според „Google“ има 450.000 апликации [4]. Секоја апликација може да се обнови автоматски или рачно. Исто така, Гугл Плеј ги филтрира апликациите според уредот, така што може да ги видите само апликациите кои работат на уредот кој го поседувате. Апликациите кои бараат пари (купување или микротрансакциски добра) можат да се платат преку електронска картичка или директно преку операторот.

Музика и книги

На 16 ноември 2011, „Google“ го започнал сервисон Гугл Мјузик, а потоа бил вклопен во музичката секција на Андроид Маркет. Според информациите на „Google“ има стотици бесплатни песни и милион достапни за плаќање. Откако Гугл Маркет се ребрендирал во Гугл Плеј, се отвориле места за музика, плејлисти и книги. Книгите може да се читаат на мрежното место на Гугл Плеј, офлајн или преку апликацијата Андроид што го поддржува форматот. Според „Google“ има над три милиони е-книги, приближно 3 милиони се бесплатни, а само стотина илјади се достапни за плаќање. Сервисот за книги е достапен во Соединети Американски Држави,Обединетото Кралство, Канада, Германија, Италија, Австралија и Шпанија.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица