11 јули

датум
<<јули>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

11 јули — 192-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(193-и во престапна година).Остануваат 173 денови до крајот на годината.

Настани:

1921 Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1946 Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).
1979 Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1987 Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата.
1995 Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.
1995 Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина.
2000 Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
2008 Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.

Родени:

1274 Роберт Брус — крал на Шкотска.
1767 Џон Квинси Адамспретседател на САД.
1844 Петар I Караѓорѓевиќкрал на Србија и Кралство СХС.
1871 Стјепан Радиќхрватски политичар и писател.
1888 Карл Шмит — германски политички теоретичар.
1920 Јул Бринер — американски глумец.
1927 Теодор Мајмен — американски физичар, конструктор на првиот ласер.
1934 Џорџо Арманииталијански моден творец.
1934 Љупка Арсова - Џундева — македонска глумица.
1949 Емерсон Леао — бразилски фудбалски голман.
1949 Френк Биерд — американски рок-музичар, член на групата ЗЗ Топ (ZZ Top).
1953 Леон Спинкс — американски боксер, поранешен светски првак.
1957 Мајкл Роуз — јамајски реге-пејач.
1957 Питер Марфи — англиски рок-музичар, член на групата „Баухаус“ (Bauhaus).
1958 Уго Санчес — мексикански фудбалер.
1959 Сузан Вега — американска поп-пејачка.
1959 Ричи Самбора — американски рок-гитарист, член на групата Бон Џови (Bon Jovi).
1970 Џастин Чејмберс — американски глумец.
1975 Рубен Бараха — шпнски фудбалер и тренер.
1980 Даниеле Пјетрополи — италијански велосипедист.
1987 Давиде Малакарне — италијански велосипедист.
1990 Каролина Возњацки — данска тенисерка.
1992 Мохамед Елнени — египетски фудбалер.
2000 Дарко Чурлинов — македонски фудбалер.

Починале:

1903 Вилијам Хенли Ернест — англиски поет.
1937 Џорџ Гершвинамерикански композитор и музичар.
1942 Отон Жупанчич — словенечки поет.
1982 Меша Мехмед Селимовиќ — југословенски писател.
1989 Лоренс Оливиеанглиски филмски и театарски глумец, продуцент и режисер.
1992 Хајрудин Крвавац — босански и југословенски филмски режисер.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица