Јохан Елмандер

Јохан Ерик Калвин Елмандер (27 мај 1981) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Својата кариера ја започнал во Холмалунд кон крајот на 1990-тите години. Продолжил да игра професионален фудбал во Холандија, Шведска, Данска, Франција, Англија и Турција пред да се пензионира во тимот на Оргрите во 2017 година. Професинален интернационалец бил од 2002 до 2015 година. Постигнал 20 гола на вкупно 85 натпревари за репрезентацијата на Шведска и ја претставувал својата земја на: Светското првенство на ФИФА во 2006 година, УЕФА ЕВРО 2008 и УЕФА ЕВРО 2012 година.

Јохан Елмандер за Галатасарај во 2012

Во 2011 година, неговиот гол за Болтон Вондерерс, на гостувањето кај Вулверхемптон Вондерерс во сезоната 2010-11, бил прогласен за најдобар гол во историјата на Премиер лигата до тој момент според анкетата на Гардијан.[1][2]

Клупска кариера

Почетна кариера

Елмандер е роден во Алингсос, општина Алингсос. Тој ја започнал својата кариера како напаѓач за шведските клубови, но се прекомандувал во централен играч за врска и тоа за време додека играл за Холмалундс ИФ и Ергрите. Подоцна тој преминал во холандскиот клуб Фејенорд и тоа кога имал само 18 години, каде што продолжил да игра на позицијата од средниот ред. Тој никогаш не бил член на првиот тим, туку влегувал како замена. Во финалето на Купот на УЕФА во 2002 година, исто така влегол како замена кога тимот постигнал победа со 3:2 против екипата на Борусија Дортмунд.[3]

Елмандер подоцна бил ставен на заем и вратен назад во Шведска во тимот на Ѓургарден, каде што ја освоил двојната круна на крајот на сезоната и тоа во Алсвенскан лигата како и во шведскиот куп во 2002 година. Во 2003 година, на него не му бил доделен медал. бидејќи во претходната година имал одиграно премалку натпревари за тимот. Првиот настап за репрезентацијата на Шведска го имал на пријателскиот натпревар против екипата на Грција во февруари 2002 година. Во 2003 година, тој бил позајмен на ривалите од холандската лига на Фејенорд, и на НАЦ Бреда.

Брондби ИФ

Персонализирана копачка на Елмандер од тимот на Брондби

Во сезоната 2004-2005, тој бил купен од Данската Суперлига од тимот на Брондби. И покрај тоа што не постигнал доволно голови за клубот како што се очекувало, тој бил организаторски и креативен дел од тимот на Брондби во сезоната 2004-05 во Суперлигата. Тој играл главно како втор напаѓач веднаш зад единствениотб напаѓач. Оваа формација ја поставил тренерот Михаел Лаудруп, а тоа била 4–3–3. Тимот на крајот на сезоната ја освоил двојната титула и во данската Суперлига и во Купот на државата Данска, а Елмандер бил избран за играч на годината во тимот на Брондби.

Во неговите две сезони во екипата на Брондби, Елмандер постигнал 22 гола на 58 натпревари во данската Суперлига, привлекувајќи го вниманието на неколку клубови низ цела Европа. Набрзо бил повикан да ја претставува Шведска на Светското првенство во 2006 година, каде одиграл два натпревари. Елмандер подоцна потпишал четиригодишен договор со францускиот тим Тулуз за сума околу 4.500.000 евра. Договорот бил потпишан на 7 јули 2006 година.

Тулуз

Елмандер постигнал 11 гола во својата првата сезона за тимот на Тулуз и бил номиниран за играч на годината од неговите колеги, играчи. Наградата сепак на крајот заминала во ФК Лион во рацете на крилниот напаѓач Флоран Малуда. Сезоната му била многу успешна, со тоа што Елмандер му помогнал на тимот на Тулуз да стигне до третото место во француската лига и пласман во квалификациските натпревари на Лигата на шампионите на УЕФА. Втората сезона, слично како и онаа на неговиот тим, била доста понеуспешна, иако тој постигнал ист број на голови како и претходната. Неговите голови не биле толку одлучувачки како претходните од претходната сезона..

Болтон Вондерерс

На 27 јуни 2008 година, Елмандер направил преселба во Премиерлигашкиот клуб Болтон Вондерерс [4][5] за сума од 8,2 милиони фунти која била рекордна за клубот во тоа време. Во договорот бил вклучен и Даниел Браатен, кој требало да се пресели во обратна насока односно во тимот на Тулуз. Елмандер потпишал тригодишен договор, носејќи го дресот со број 9. Тренер му бил Гери Мегсон.

Првиот гол на Елмандер во Премиер лигата бил удар со глава, и постигнат на неговиот прв натпревар против тимот на Стоук Сити на 16 август 2008 година во победата од 3:1.[6] Елмандер одиграл 30 натпревари за клубот на Болтон во сезоната 2008-09, постигнувајќи пет гола и две асистенции.[7]

Од декември 2008 до септември 2009 година, Елмандер поминал низ деветмесечна гол-суша, која завршила за време на натпреварот во Лига Купот против тимот Вест Хем Јунајтед, бидејќи постигнал гол во минутите од продолжението.[8] Неговиот прв гол во лигашкиот дел бил оној против тимот на Астон Вила кога Болтон загубил со резултат од 5:1. Овој гол бил постигнат по цели 11 месеци апстиненција.[9]

Елмандер конечно ја пронашол својата голгетерска форма во сезоната 2010-11, постигнувајќи шест гола на воведните 13 натпревари, сите на гостински терен, односно далеку од стадионот Рибок. Неговите први домашни голови сезоната биле против Њукасл Јунајтед. Сепак, неговата голгетерска форма подоцна се намалила и тој постигнал само три гола во периодот од декември до 12 март кога успеал конечно да даде гол против Бирмингем Сити во натпреварот од шестото коло на ФА Купот.[10] Овој гол му бил 11ти по ред во сите натпреварувања таа сезона.

Менаџерот на Болтон, Овен Којл, во интервју на 20 мај изјавил дека очекува Елмандер да се приклучи на тимот на Галатасарај.[11] Елмандер ја потврдил подоцна таа изјава и во месец мај го напуштил клубот.[12]

Елмандер во Премиер лигата одиграл 92 натпревари, постигнувајќи 18 гола; 11 настапи имал во ФА Купот,каде постигнал три гола; и пет настапи имал во Лига купот, постигнувајќи само еден гол.

Галатасарај

Елмандер во дресот на Галатасарај од Истанбул во септември 2011 година во натпревар против Ескишехирспор

На 27 мај 2011 година, Елмандер на неговиот роденден пристигнал во Турција, а на 30 мај 2011 година, Елмандер му се приклучил на тимот на Галатасарај со потпишан тригодишен договор откако истекол неговиот поранешен договор со тимот на Болтон.[13] Тој дебитирал во втората недела од сезоната во Супер Лига, влегувајќи во игра во 61 минута кога и го постигнал својот прв гол во победата од 3:1 на домашен терен над тимот на Самсунспор. Ова се случило на 18 септермври. Поради неговите одлични настапи, тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, ја променил формацијата на тимот во 4–4–2, дозволувајќи му на Елмандер да игра заедно со Милан Барош во нападот. На 26 февруари 2012 година, тој на почетокот на натпреварот го постигнал победничкиот гол на натпреварот против лутиот ривал Бешикташ во победата од 3–2. Исто така постигнал голови на сите дерби натпревари, вклучително и против тимовите на Фенербахче и Трабзонспор. Таа сезона тој постигнал 12 гола на 36 првенствени натпревари во сезона во која Галатасарај на крајот била и шампион на лигата.

Елмандер ја започнал сезоната 2012-13 со натпревар против тимот на Касимпаша. Својот прв гол во истата сезона го постигнал во ремито од 3-3 против тимот на Бешикташ. Во четвртата недела од лигата, тој го постигнал првиот гол против Анталијаспор во победата од 4-0 на гостински терен, а на 19 октомври 2012 година, тој постигнал неверојатен гол против екипата на Генчлербирлиги во ремито од 3:3 на гости. Со овој гол Елмандер го задржал првото место во лигата по постигнати голови. Од тимот на Галатасарај заминал во август 2013 година за да се приклучи на премиерлигашот Норвич Сити и тоа како позајмен играч за една сезона.

Позајмица на Норвич Сити

Елмандер се вратил во Англија, приклучувајќи му се на тимот на Норвич како позајмица за една сезона од Галатасарај. Својот прв натпревар за тимот на Норвич го имал против екипата на Хал Сити, а своите два први гола ги постигнал против екипата на Бури во Лига Купот на 27 август 2013 година.[14] Неговиот прв натпревар во лигата бил против тимот на Саутемптон на 31 август 2013 година. Елмандер својот прв лигашки гол го постигнал против Саутемптон во поразот од 4–2 на гостински терен на 15 март 2014 година.[15] Тој не успеал да ги импресионира сопствениците на Норвич, иако успеал да ги освои срцата на многу фанови со неговите настапи и големата желба за игра. 

Враќање во Брондби

На 24 јуни 2014 година, Елмандер се вратил во Брондби во Данска преку слободен трансфер, потпишувајќи двегодишен договор, по истекот на неговиот договор со Галатасарај. По враќањето во клубот му бил подарен дресото со омилениот број 11.[се бара извор]

Враќање во Оргрите и пензионирање

Елмандер ја поминал својата последна сезона како професионален фудбалер во тимот Оргрите, постигнувајќи 5 гола на 25 натпревари во сите типови на натпреварувања.[16]

Меѓународна кариера

Елмандер играл за репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија, потоа на УЕФА ЕВРО 2008 во Австрија и Швајцарија и на УЕФА ЕВРО 2012 година во Украина и Полска. Тој се повлекол од државната репрезентација во ноември 2015 година, откако одиграл вкупно 85 натпревари и постигнал 20 гола.[17]

Приватен живот

Елмандер има двајца браќа едниот Питер и другиот Патрик кои исто така се поранешни професионални фудбалери.[18]

Тој се оженил на 27 декември 2007 година со љубовта од средншколските години Аманда Калвин на раскошна церемонија во нејзиниот роден град Хемсјо, Шведска. Двојката Елмандер имала преку 200 гости, вклучувајќи ги и поранешните соиграчи Ким Келстром и Џон Јонсон. На нивната венчавка настапил пејачот, шведскиот идол Кристофер Хидинг.[19] Во август 2008 година, двојката Елмандер го објавила раѓањето на нивното прво дете.[20] На 18 ноември пак 2010 година, било објавено дека сопругата на Елмандер родила девојче по име Лили.[21]

Статистика во кариерата

Клупска статитика

Обновено на 17 јули 2018.
КлубСезонаЛигаСооднос на натпревари и постигнати голови во лигатаКуп натпревариЛига купКонтинентални

Европски

ДругиВкупно
НастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГолови
Холмалунд1997Дивизиjа 2 Вестра Геталанд4040
1998Дивизиja 2 Вестра Геталанд195195
Вкупно235235
Оргрите1999Алсвенскан прва шведска лига182182
2000Алсвенскан прва шведска лига212212
Вкупно394394
Фејенорд2000–01Ередивизија прва холандска лига162162
2001–02Ередивизија прва холандска лига221221
2002–03Ередивизија прва холандска лига1010
Вкупно393393
Ѓургарден

(позајмен)

2002Алсвенскан прва шведска лига852042147
2003Алсвенскан прва шведска лига11720137
Вкупно191240422714
НАЦ Бреда

(позајмен)

2003–04Ередивизија прва холандска лига317317
Вкупно317317
Брондби2004–05Данска Суперлига279279
2005–06Данска Суперлига31133113
Вкупно58225822
Тулуз2006–07Лига 1

француска прва лига

3211003211
2007–08Лига 1

француска прва лига

321100613812
Вкупно642200617023
Болтон Вондерерс2008–09Премиер лига30510315
2009–10Премиер лига2534131325
2010–11Премиер лига371062204512
Вкупно92181135110822
Галатасарај2011–12Супер лига

прва турска лига

3612003612
2012–13Супер лига

прва турска лига

164211060255
Вкупно52162110606117
Норвич Сити

(позајмен)

2013–14Премиер лига2812032333
Вкупно2812032333
Брондби2014–15Данска Супер лига20121222
2015–16Данска Супер лига2554183379
Вкупно45662835911
Оргрите2017Суперетан

втора шведска лига

2341110255
Вкупно2341110255
Вкупно во кариера5131202679316310573136

Меѓународни натпревари

Настапи и голови на годишно ниво[22]

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Шведска2002 година20
2003 година43
2004 година41
2005 година63
2006 година91
2007 година63
2008 година80
2009 година71
2010 година51
2011 година113
2012 година62
2013 година62
2014 година80
2015 година30
Вкупно8520
БројДатаЛокација на играПротивникРезултатРезултатТип на натпревар
1.16 февруари 2003Супхашаласај Стадион, Бангкок, Тајланд  Катар1–03–2203 Кралски куп
2.2–0
3.20 февруари 2003Супхашаласај Стадион, Бангкок, Тајланд  Тајланд2–04–12003 Кралски куп
4.17 ноември 2004Истер Роуд Единбург, Шкотска  Шкотска3–04–1Пријателски
5.4 јуни 2005Улеви Гетеборг, Шведска  Малта6–06–0Квалификации за светско првенство на ФИФА 2006
6.8 јуни2005Росунда стадион, Солна, Шведска  Норвешка2–32–3Пријателски
7.12 ноември 2005Сеул Светски куп стадион Сеул, Јужна Кореја  Јужна Кореја1–12–2Пријателски
8.7 октомври 2006Росунда стадион, Солна, Шведска  Шпанија1–02–0Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
9.28 март 2007Виндзор парк, Белфаст, Северна Ирска  Северна Ирска1–01–2Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
10.2 јуни 2007Паркен стадион, Копенхаген, Данска  Данска1–03–0 *Квалификации за УЕФА ЕВРО 2008
11.3–0
12.12 август 2009Росунда стадион, Солна, Шведска  Финска1–01–0Пријателски
13.3 март 2010Либерти стадион, Свонси,

Велс

 Велс1–01–0Пријателски
14.9 февруари 2011ГСП стадион, Никозија, Кипар  Украина1–01–1Пријателски
15.3 јуни 2011Зимбру стадион Кишењев, Молдавија  Молдавија2–04–1Квалификации за УЕФА ЕВРО 2012
16.3–0
17.6 септември 2012Олимпија Хелсинборг,

Шведска

 Кина1–01–0Пријателски
18.16 октомври 2012Олимписки стадион, Берлин, Германија  Германија3–44–4Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014
19.7 јуни 2013Ернст-Хапел стадион Виена, Австрија  Австрија1–21–2Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014
20.6 септември 2013Авива, Даблин, Република Ирска  Ирска1–12–1Квалификации за светско првенство на ФИФА 2014

* Натпреварот е прекинат.

Наводи

 Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица