Фудбалска репрезентација на Финска

Финската фудбалска репрезентација (фински: Suomen jalkapallomaajoukkue, шведски: Finlands fotbollslandslag) ја претставува Финска на меѓународните фудбалски натпревари и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Финска.

Репрезентацијата против Данска во 1933 година.

Иако финската репрезентација никогаш не се квалификувала на финалниот турнир на Светското првенство или на Европското првенство, и покрај нејзината долга историја, нордиската нација постигнала извонреден напредок во 2000-тите, достигнувајќи го врвот, на 30-тото место на рангот на Ело. Под раководство на тренерот Рој Хоџсон тие постигнале забележителни резултати против многу поетаблирани европски тимови. По неколкуте години со лоши резултати, тие паднале на ранг-списокот на ФИФА на 110-то место, што е најниско во нивната историја. Меѓутоа, во есента 2017 година, Финска започнала да се искачува на рангирањето на ФИФА, а од Септември 2018 година, го зазема 58-то место.

Историја

Рана историја

Фудбалската асоцијација на Финска е основана во 1907 година, а станала членка на ФИФА во 1908 година. Во тоа време, Финска била автономно големо војводство на Руската Империја. Финска го одиграла својот прв меѓународен натпревар на 22 октомври 1911 година, кога Шведска ја победила Финска на стадионот Елаинтарха во Хелсинки. Финска учествувала на Летните олимписки игри во Стокхолм, во 1912 година, победувајќи ја Италија и Руската Империја, но го загуби натпреварот за бронзениот медал против Холандија.

Период на дисперзија

По Граѓанската војна од 1918 година, финското спортско движење било поделено на десничарска Финска Гимнастика и Спортска Федерација (СВУЛ) и левичарска Финска Федерација на Работнички Спортови (ТУЛ), Финската фудбалска асоцијација била членка на СВУЛ. Двете страни имале свои шампионски серии, а меѓу 1919-1939 година финскиот репрезентативен тим бил избран само од играчите на Фудбалската Асоцијација. Фудбалскиот тим на Финската Федерација на Работнички Спортови, пак, учествувал на натпреварите на меѓународното работничко движење.

Меѓутоа, од крајот на 1920-тите години неколку врвни фудбалери пребегнале од ТУЛ и се приклучиле на Фудбалската Асоцијација, за да бидат подобни за репрезентацијата. Во текот на 1930-тите, овие "дезертери" го формирале ’рбетот на репрезентацијата. На пример, финскиот состав за Летните олимписки игри во 1936 година бил составен од осум поранешни играчи на ТУЛ. Во 1937 година, Финска за првпат учествувала на квалификациите на Светското првенство на ФИФА, губејќи ги сите три натпревари против Шведска, Германија и Естонија.

Од 1939 година, играчите на ТУЛ биле избирани во репрезентацијата и конечно во 1956 година сериите на ТУЛ и на Фудбалската асоцијација биле соединети.

Повоени годиниPost-war years

На Летните олимписки игри во Хелсинки, одржани во 1952 година, ги гледале финските домаќини како губат од Австрија во првиот круг. Меѓутоа, Финска го освоила неофицијалното нордиско првенство во 1964 и 1966 година.

Финска, исто така, учествувала на Европското првенство на кое се квалификувала од настанот во 1968 година, но морала да чека за својата прва победа дури во 1978 година.

Подоцна во 20 век

Резултатите на тимот се подобриле во доцните 1970-ти и 1980-тите години. Финска ја пропуштила шансата да се квалификува за Еуро 1980, за само еден бод, како и за Светското првенство во 1986 година за само два бода. Финска била поканета да учествува на Летните олимписки игри во Москва, во 1980 година, откако многу западни земји објавиле дека ќе ги бојкотираат игрите, но не успеала да напредува во својата група.

Од средината на 1990-тите Финска започнала да има во своите редови повеќе играчи од висок профил во европски лиги, предводени од суперѕвездата на Ајакс, Јари Литманен. Во 1996 година, данскиот победнички тренер од Еуро 2012, Ричард Мелер Нилсен, бил изнајмен за да ја преземе Финска за Светското првенство во 1998 година. Тимот уживал во променливата среќа во натпреварите, во кои освоиле бодови од нерешениот натпревар и победата против Норвешка и Швајцарија, соодветно. Во пресрет на последниот натпревар, Финска требала да ја победи дома Унгарија, за да освои место во плеј-оф натпреварите. Тие воделе на натпреварот со 1-0, но во судиското продолжување, постигнале автогол, и уште еднаш сонот за квалификациите завршил. Мелер Нилсен, исто така, се обидел да ја одведе Финска до Евро 2000. Во овие натпревари Финците забележале сензационална победа во гости против Турција, но не можеле да се натпреваруваат со Германија и Турција на подолг рок.

Анти Муриенен го наследил Мелер Нилсен како тренер во 2000 година. Можеби ја имал на располагање најталентираната група фински играчи, вклучувајќи ги и играчите како што се Анти Ниеми, Сами Хипија, Тему Таинио и Микел Форшел, покрај легендарниот Литманен. Исто така, тимот под негово раководство добро работел за квалификациите за Светското првенство во 2002 година, но и покрај тешкото извлекување, заслужил два нерешени натпревара против Германија и нерешено на домашен терен со Англија, како и победата над Грција со 5-1 во Хелсинки. Меѓутоа, на крајот, Англија и Германија се покажале како премногу силни па Финците завршиле како трети во групата, но биле единствениот тим во таа група кои не загубиле дома. Надежите биле високи и за квалификациите за Еуро 2004, по последните ветувачки натпревари и пријателските победи против Норвешка, Белгија и Португалија (со кои финците скокнале од 40-тото на 30-тото место во рангирањето на Ело). Сепак, Финска го започнала натпреварувањето со пораз од Велс и од Југославија (подоцна Србија и Црна Гора, сега две посебни држави). По овие порази следеле уште и два пораза од Италија, а победата од 3-0 над Србија и Црна Гора била мала утеха, бидејќи Финците завршиле како четврти во групата. Во квалификациите за Светското првенство во 2006 година Финска не успеала да освои ниту бод во шест натпревари против врвните три екипи во својата група, Холандија, Чешката Република и Романија. Муринен бил отпуштен во јуни 2005 година и бил заменет од страна на чуварот Јирки Хелискоски, но резултатите не се подобриле.

Во Август 2005 година било објавено дека Рој Хоџсон ќе стане новиот фински тренер во 2006 година, а тој започнал со работа во јануари 2006 година. Хоџсон поднел оставка како менаџер, откако не успеале да се квалификуваат за Евро 2008. Негова замена бил Шкотланѓанецот Стјуарт Бекстр, кој потпишал договор до крајот на квалификациските натпревари за Европското првенство во 2012 година.

Блиска историја

За време на квалификациите за Еуро 2008, Финска била на местото како нивната "златна генерација", со тим составен од играчи како Јари Литманен, Сами Хипија, Микел Форсел, Хану Тихинен, Петри Пасанен, Јонас Колка, Мика Ваиринен и Тему Таинио. Финска требала да победи на својот последен квалификациски натпревар во Португалија, за да се квалификува на нивниот прв голем фудбалски турнир. Меѓутоа, натпреварот завршил 0-0, што значело дека тимот не се квалификувал за турнирот, со што Финска ја завршила групната фаза со 24 бода, а Португалија со 27 бода. Сепак, прикажаната игра во квалификациите довела до тоа да Финците стигнат до нивното најдобро досега светско рангирање на списокот на ФИФА и тоа на 33-тото место.

Во квалификациските натпревари за Светското првенство во 2010 година, под водство на новиот тренер Стјуарт Бекстр, Финска повторно завршила трета во својата група со пет победи, три нерешени резултати и два пораза. Тие биле единствениот тим во квалификациите кој не изгубил, од евентуално третопласираната Германија; и во домашните и во гостинските натпревари Финска ја одвела Германија само да признаените доцни изедначувања. Финска заврши со разочарувачко четврто место во квалификациите за ЕП 2012, со само три победи, од кои две против малите од Сан Марино.

Во квалификациските натпревари за Светското првенство во 2014 година, најдобриот резултат на Финска бил нерешено 1-1 со моменталниот светски шампион Шпанија. Тие завршиле на третото место во групата I од пет екипи, зад Шпанија и Франција. Финска завршила на четвртото место во квалификациите за ЕП 2016, но постигнале уште еден вреден да се спомене резултат. Амбицијата на Џоел Похјанпало ги довела Финците до победата од 1-0 против поранешниот европски шампион Грција, која стигнала до втората рунда од Светското првенство во 2014 година и била на првото место од нивната квалификациска група.

Во квалификациите за Светското првенство во 2018 година, Финска завршила на разочарувачко петто место во својата група, со само две победи, иако една од нив била против Исланд, кој завршил на врвот од квалификациската група.

Стадиони

Повеќето од финските важни домашни натпревари се играле на Олимпискиот стадион во Хелсинки во главниот град Хелсинки. Тој бил главниот домашен стадион на Финска, уште од времето кога неговата изградба била завршена во 1938 година. Пред тоа, Палокента во Хелсинки бил најмногу користен.

Денес, некои квалификациски натпревари против противници од понизок ранг, како и некои пријателски натпревари се одржуваат на стадионот Ратина во Тампере. Хелсиншката Телиа 5G-арена, која има вештачки тревник се користи, исто така, за некои пријателски и квалификациски натпревари. За време на реконструкцијата на Олимпискиот стадион во Хелсинки од 2016-2019 година стадион Ратина служи како главен стадион за квалификациски натпревари.

Навивачите на Финскиот Национален Тим на Олимпискиот стадион во Хелскинки во 2009.

Компетитивни рекорди

Рекорди на Светско Првенство

Рекорд на Светско ПрвенствоРекорд на квалификации за Светско Првенство
ГодинаРундаПозицијаОдигПобНерИзгГЗГПОдигПобНерИзгГЗГП
1930Не влеглеНе влегле
1934
1938Не се квалификувале300307
1950Се откажале при квалификации201114
1954Не се квалификувале4022713
19584004219
19624004312
19666105520
19706105628
19746114321
197862041116
19828107427
19868323712
19906114416
199410217918
199883231112
20028332127
2006125162119
2010105321414
2014823359
201810235913
2022Ќе биде одлученоЌе биде одлучено
2026
Вкупно0/23129322374134287

Рекорди на Евроспко Првенство

Рекорд на Евроспко ПрвенствоРекорд наквалификации за Евроспко Првенство
ГодинаРундаПозицијаОдигПобНерИзгГЗГПОдигПобНерИзгГЗГП
1960Не влеглеНе влегле
1964
1968Не се квалификувале6024512
19726015116
19766015313
198062221015
19846015314
19886114410
1992814358
1996105051818
200083141313
20048314910
200814662137
2012103161616
201610334910
2020Ќе биде одлученоЌе биде одлучено
2024
Вкупно0/17104272453109162

УЕФА Лига на Нации

Рекорд во УЕФА Лига на Нации
ГодинаДивизијаРундаПозОдигПобНерПорГЗГП
2018–19ЦГрупна фаза

Промовирани

1640253
2020–21БКе биде одлучено
ВкупноГрупна фаза

Лига Ц

1/1640253

Летни олимписки игри

Рекорд на ОИ
ГодинаРундаПозОдигПобНерПорГЗГП
1896Не биле вклучени
1900
1904
1908
1912Четврто Место4ти4202516
Since 1917, Declaration of Independence
1920Не се квалификувале
1924
1928
1932
1936Топ 1614ти100137
1948Не се квалификувале
1952Топ 169ти100134
1956Не се квалификувале
1960
1964
1968
1972
1976
1980Групна фаза9ти311132
1984Не се квалификувале
1988
1992
1996
2000
2004
2008
2012
2016
2020Ке биде одлучено
Вкупно4/230 Титули93151429

Нордискп фудбалско првенство

Рекорд на Нордиско фудбалско првенство
ГодинаРундаПозОдигПобНерПорГЗГП
1929–32Четврто Место4ти122282352
1933–36123181836
1937–471211101251
1948–51121381128
1952–551211101353
1956–59120111844
1960–63122281437
1964–67Трето Место3ти125251417
1968–71Четврто Место4ти120481031
1972–77121471026
1978–8061471026
1981–856114711
2000–01Шампиони1ви540173
Вкупно1 Титула13/14137212492150401

Балтички Куп

Рекорд на Балтички Куп
ГодинаРезултатОдигПобНерПорГЗГП
2012Второ Место211032
2014Трето Место210121
Вкупно2/27421153

Рекорд на сите времиња против сите нации

Ова листа е целосниот рекорд на Финската репрезентација, и тоа пријателски и компетитивни натпревари.

Скорешни натпревари и резултати

v  Финска
v  Македонија
v  Малта
v  Финска
v  Белорусија
v  Унгарија
v  Естонија
v  Финска
v  Грција
v  Финска
v  Финска

Играчи

Моментален тим

Следниве играчи биле повикани за натпреврите во УЕФА Лигата на нации против Грција на 15 ноември 2018 година и Унгарија на 18 ноември 2018 година.

Одиграни натпревари и постигнати голови по натпреварот против Унгарија од 18 ноември 2018 година.

Бр.Поз.ИграчГод.НастапиГоловиКлуб
1ГМLukáš Hrádecký24 ноември 1989(1989-11-24)(34 г.)490 Bayer Leverkusen (вицекапитен)
12ГМJesse Joronen21 март 1993(1993-03-21)(31 г.)60 Copenhagen
23ГМAnssi Jaakkola13 март 1987(1987-03-13)(37 г.)30 Reading

Предлошка:Nat fs break

4ОДJoona Toivio10 март 1988(1988-03-10)(36 г.)533 Häcken
2ОДPaulus Arajuuri15 јуни 1988(1988-06-15)(35 г.)342 Brøndby (вицекапитен)
15ОДMarkus Halsti19 март 1984(1984-03-19)(40 г.)340 Esbjerg
18ОДJere Uronen13 јули 1994(1994-07-13)(29 г.)331 Genk
17ОДJuha Pirinen22 октомври 1991(1991-10-22)(32 г.)120 HJK
5ОДSauli Väisänen5 јуни 1994(1994-06-05)(29 г.)130 Crotone
3ОДAlbin Granlund1 септември 1989(1989-09-01)(34 г.)110 Örebro
22ОДJanne Saksela14 март 1993(1993-03-14)(31 г.)70 Sparta Rotterdam

Предлошка:Nat fs break

7СРRobin Lod17 април 1993(1993-04-17)(31 г.)283 Sporting Gijón
19СРThomas Lam18 декември 1993(1993-12-18)(30 г.)200 PEC Zwolle
13СРPyry Soiri22 септември 1994(1994-09-22)(29 г.)134 Admira Wacker
11СРJoni Kauko12 јули 1990(1990-07-12)(33 г.)110 Esbjerg
16СРPetteri Forsell16 октомври 1990(1990-10-16)(33 г.)101 Miedź Legnica
6СРGlen Kamara28 октомври 1995(1995-10-28)(28 г.)91 Dundee
СРSimon Skrabb19 јануари 1995(1995-01-19)(29 г.)80 IFK Norrköping
14СРFredrik Jensen9 септември 1997(1997-09-09)(26 г.)72 Augsburg
8СРRobert Taylor21 октомври 1994(1994-10-21)(29 г.)60 Tromsø

Предлошка:Nat fs break

10НПTeemu Pukki29 март 1990(1990-03-29)(34 г.)6915 Norwich City
9НПEero Markkanen3 јули 1991(1991-07-03)(32 г.)130 Dalkurd
20НПJasse Tuominen12 ноември 1995(1995-11-12)(28 г.)100 BATE Borisov

Тренерскиот тим

ПозицијаИме
Главен тренер Markku Kanerva
Асистент тренер Mika Nurmela
Асистент тренер Kari Martonen
Тренер за голмани Antti Niemi

Рекорди на играчи

Играчи со најмногу настапи

РангИмеКариераНастапиГолови
1Jari Litmanen1989–201013732
2Sami Hyypiä1992–20101055
Jonatan Johansson1996–201010522
4Ari Hjelm1983–199610020
5Joonas Kolkka1994–20109811
6Mikael Forssell1999–20148729
7Erkka Petäjä1983–1994840
8Arto Tolsa1964–19817710
9Hannu Tihinen1997–2010765
Petri Pasanen2000–2013761
10Toni Kuivasto1997–2009751

Играчи со најмногу голови

РангИмеКариераГоловиНастапи
1Jari Litmanen1989–201032137
2Mikael Forssell1999–20142987
3Jonatan Johansson1996–201022105
4Ari Hjelm1983–199620100
5Mika-Matti Paatelainen1986–20001870
6Verner Eklöf1919–19271732
7Aulis Koponen1924–19351639
Gunnar Åström1923–19371644
9Teemu Pukki2009–1569
10Alexei Eremenko2003–20131457
  • Поправено од Ноември 18, 2018
  • Играчите кои се активни се означени со болдирано

Менаџери

Последно обновено: 13 Окт 2015.

ТренираноНацТренерРекорд
ГПобНерПорПобеди %
1911–21None&1000000000000001700000017&100000000000000060000006&100000000000000020000002&100000000000000090000009&1000000000000352900000035,29
1922 Jarl Öhman&100000000000000040000004&100000000000000010000001&100000000000000000000000&100000000000000030000003&1000000000000250000000025,00
1923–35None&1000000000000007700000077&1000000000000002200000022&1000000000000001200000012&1000000000000004300000043&1000000000000285700000028,57
1936–37 Ferdinand Fabra&100000000000000080000008&100000000000000010000001&100000000000000010000001&100000000000000060000006&1000000000000125000000012,50
1937–38None&100000000000000090000009&100000000000000030000003&100000000000000000000000&100000000000000060000006&1000000000000333300000033,33
1939 Gábor Obitz&100000000000000060000006&100000000000000010000001&100000000000000000000000&100000000000000050000005&1000000000000166700000016,67
1939–43None&100000000000000070000007&100000000000000000000000&100000000000000010000001&100000000000000060000006&0&100000000000000000000000,00
1945 Axel Mårtensson&100000000000000020000002&100000000000000000000000&100000000000000000000000&100000000000000020000002&0&100000000000000000000000,00
1946 Niilo Tammisalo&100000000000000030000003&100000000000000000000000&100000000000000000000000&100000000000000030000003&0&100000000000000000000000,00
1947–55 Aatos Lehtonen&1000000000000005100000051&100000000000000070000007&100000000000000090000009&1000000000000003500000035&1000000000000137300000013,73
1955–58 Kurt Weinreich&1000000000000002300000023&100000000000000030000003&100000000000000010000001&1000000000000001900000019&1000000000000130400000013,04
1959–61 Aatos Lehtonen&1000000000000001900000019&100000000000000030000003&100000000000000000000000&1000000000000001600000016&1000000000000157900000015,79
1962–74 Olavi Laaksonen&1000000000000009100000091&1000000000000001600000016&1000000000000002100000021&1000000000000005400000054&1000000000000175800000017,58
1975 Martti Kosma&100000000000000020000002&100000000000000000000000&100000000000000010000001&100000000000000010000001&0&100000000000000000000000,00
1975–78 Aulis Rytkönen&1000000000000003000000030&100000000000000080000008&100000000000000040000004&1000000000000001800000018&1000000000000266700000026,67
1979–81 Esko Malm&1000000000000002700000027&100000000000000040000004&100000000000000060000006&1000000000000001700000017&1000000000000148100000014,81
1982–87 Martti Kuusela&1000000000000005300000053&100000000000000090000009&1000000000000001100000011&1000000000000003300000033&1000000000000169800000016,98
1988–92 Jukka Vakkila&1000000000000004800000048&100000000000000070000007&1000000000000002100000021&1000000000000002000000020&1000000000000145800000014,58
1993–94 Tommy Lindholm&1000000000000002500000025&100000000000000050000005&100000000000000070000007&1000000000000001300000013&1000000000000200000000020,00
1994–96 Jukka Ikäläinen&1000000000000002100000021&100000000000000070000007&100000000000000040000004&1000000000000001000000010&1000000000000333300000033,33
1996–99 Richard Møller Nielsen&1000000000000003400000034&100000000000000090000009&1000000000000001200000012&1000000000000001300000013&1000000000000264700000026,47
2000–05 Antti Muurinen&1000000000000007200000072&1000000000000003400000034&1000000000000001200000012&1000000000000002600000026&1000000000000472200000047,22
2005 Jyrki Heliskoski (caretaker)&100000000000000060000006&100000000000000020000002&100000000000000020000002&100000000000000020000002&1000000000000333300000033,33
2006–07 Roy Hodgson&1000000000000002200000022&100000000000000060000006&1000000000000001100000011&100000000000000050000005&1000000000000272700000027,27
2008–10 Stuart Baxter&1000000000000003100000031&100000000000000080000008&100000000000000060000006&1000000000000001700000017&1000000000000258100000025,81
2010-2011 Olli Huttunen (caretaker)&100000000000000010000001&100000000000000010000001&100000000000000000000000&100000000000000000000000&10000000000010000000000100,000
2011 Markku Kanerva (caretaker)&100000000000000020000002&100000000000000000000000&100000000000000010000001&100000000000000010000001&0&100000000000000000000000,00
2011–2015 Mixu Paatelainen&1000000000000004300000043&1000000000000001700000017&1000000000000001100000011&1000000000000001500000015&1000000000000395300000039,53
2015 Markku Kanerva (caretaker)&100000000000000050000005&100000000000000030000003&100000000000000020000002&100000000000000000000000&1000000000000600000000060,00
2016 Hans Backe&1000000000000001300000013&100000000000000000000000&100000000000000030000003&1000000000000001000000010&0&100000000000000000000000,00
2016– Markku Kanerva&1000000000000001900000019&1000000000000001000000010&100000000000000050000005&100000000000000040000004&1000000000000526300000052,63
Total&10000000000000749000000749&10000000000000182000000182&10000000000000160000000160&10000000000000407000000407&1000000000000243000000024,30

Признанија

Помали турнири

  • Балтички Куп
    • Второ место: 2012
    • Трето место: 2014
  • Нордиско Фудбалско првенство
    • Победници: 2000–01
    • Трето место: 1964–67
  • Кралски Куп
    • Второ место: 2000, 2013
    • Четврто место: 1996
  • Лахти Куп
    • Победници: 1981

Спортска опрема и назив

Американскиот бренд Најк, Инк моментално ја снабдува Финската спортска опрема. Тие ја замениле германската компанија Адидас која ја снабдувала Финска со спортска опрема помеѓу 1979 и 2014 година.

Спонзор на дресот

Спонзор на дресотПериод
Adidas1979–2014
Nike2014-

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица