Јудеја

Јудеја (хебрејски: יהודה, стандарден Yəhūda, латински: Iūdaea) — планински регион во јужниот дел на денешните држави Палестина и Израел. Името потекнува од хебрејското име Јехуда (македонски: Јуда), син на библискиот пророк Јаков/Израил, кој е зачетник на израелското библиско племе Јуда (Јехуда) и со него поврзаното Јудејско Царство.

Јудеја
יְהוּדָה
Рид во Јудеја
Координати31°40′N 35°00′E / 31.667° СГШ; 35.000° ИГД / 31.667; 35.000
Дел одДржава Палестина
Израел
Највисока точка
 – надм. висина
Планина Хеброн
1,020 m

Името продолжило да се користи од вавилонците, во персиските, хеленистичките и римските периоди како Вавилонски и Персиски Јехуд, Хасмонејското Кралство Јудеја, и потоа Иродијанска и Римска Јудеја, соодветно.[1] За време на хасмонејската, иродијанската и римската власт, терминот се применувал на поголема област од историскиот регион Јудеја. Во 132 н.е., провинцијата Јудеја била споена со Галилеја во провинција наречена Сирија Палестина.[2][3][4]

Терминот Јудеја бил возобновен од израелската влада во 20 век како израелски административен округ Јудеја и Самарија чија територија обично се нарекува Западен Брег.[5]

Географија

Јудеја е планински регион, а дел од неа се смета за пустина. Највисокиот врв е на надморска височина од 1.020 m и се наоѓа на јужниот дел од Планината Хеброн, 30 км југозападно од Ерусалим, а на исток од регионот има депресија која се спушта до 400 m под нивото на морето. Климата, се движи од медитеранската на запад до пустинската клима на исток, а во средината има степска клима. Поголеми градови во регионот се Ерусалим, Витлеем, Гуш Ецион, Ерихон и Хеброн.[6]

Во Библијата

Јудеја е средиште на поголем дел од настаните што се спомнуваат во Тората, и се вели дека патријарсите Авраам, Исак и Јаков се погребани во Хеврон во Гробницата на Патријарсите

Историја

Во библијата се наведува дека Јудејското Кралство, заедно со Кралството Израел, било наследник на обединетата монархија на Израел и Јуда, но денешната историја тие податоци ги смета за неисториски.[7][8][9][10] Како и да е, Северното Кралство било освоено од Новоасирското Царство во 720 г. п.н.е. Во текот на првата половина од VII век п.н.е., повторно станало независно, за во 609 година п.н.е повторно да биде освоено најпрво од Египќаните, а од 601 г. пр.н.е. од Нео-вавилонската империја, и конечно во 586 година пр.н.е., била освоена од Вавилон.

Вавилонското Царство било освоено од Кир Велики во 539 година п.н.е.[11] Јудеја останала под персиска власт до освојувањето на Александар Македонски во 332 г.п.н.е и останало под селевкидска власт  до востанието на Макавејците кога станало независно кралство под власт на династијата Хасмонеа.[12]

По смртта на хасмонеската кралица Салома Александра, во Јудеја започнала војна за наследување на тронот меѓу нејзините два сина, Хиркан II и Аристобул II. Хиркан ја искористил помошта на римската војска од Помпеј Велики во регионот, кој во 63 п.н.е. влегол во Ерусалим и го поставил на престолот; со тоа Јудеја била претворена во држава-клиент на Римската Република.

Јудеја била формално анектирана од Рим во 6 г.н.е., кога била создадена римската провинција Јудеја. Во 66 г.н.е., еврејското население се кренало на востание против римската власт кое било неуспешно. Ерусалим бил опколен во 70 година CE . Градот бил срамнет, Вториот храм бил уништен, а голем дел од населението било убиено или поробено.[13]

По повторното воспоставување на римска надмоќ, царот Адријан се обидел целосно да го избрише еврејскиот идентитет и ја преименувал провинцијата во Сирија Палестина,[14] а Ерусалим - Елија Капитолина (Aelia Capitolina). Многу Јудејци (Евреи) биле испратени како гладијатори во ропство или избегале од Јудеја и го започнале првото (присилно) раселување на еврејската дијаспора.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица