Витлеем

Витлеем (арапски بيت لحم, „Бејт Лам“; хебрејски בית לחם, „Беит Лехем“) — палестински град на Западниот Брег, во близината на Ерусалим. Градот е најмногу познат како родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика „Раѓањето на Христос“.

Витлеем

Маало во Витлеем

Грбот на Витлеем

Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Palestinian territories" does not exist

арапскиبيت لحم
Значење„дом на месото“ (арапски); „дом на лебот“ (хебрејски)
Управ. областВитлеем
УправаГрад (од 1995)
Се пишува иБеит Лам (официјално)

Бејт Лам (неофицијално)

Координати31°42′11″N 35°11′44″E / 31.70306° СГШ; 35.19556° ИГД / 31.70306; 35.19556
Население25.266[1] (2007)
Општински началникВиктор Батарсе[2]
Мреж. местоwww.bethlehem-city.org

Витлеем се наоѓа на околу 10 км од Ерусалим, на 765 м надморска височина. Во Витлеем исто така е роден и Давид, вториот цар на Израел, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“. Според еднo библиско предание (в. Михеј 5:2) Месијата требало да биде негов потомок и да се роди во неговиот град. Името „Витлеем - בית לחם“ значи „куќа на лебот“ („Беит - בית“ значи „куќа“, а „Лехем - לחם“ значи „леб“). Соодветно име за градот во кој се роди Лебот на животот - Исус Христос. Во Библијата, Јован 6-та глава, Исус Христос во повеќе наврати рече: „Јас Сум Лебот на животот“.

Градот има 20 000 жители.

Витлеем за првпат се споменува во Библијата, во која пишува дека Јаков својата жена Рахела ја „покопал“ на патот кон реката Еуфрат, односно Витлеем.

Витлеем како тема во уметноста и во популарната култура

Витлеем се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Малата ѕвезда од Витлеем“ (Little star of Bethlehem) - песна на германската рок-група „Кен“ (Can) од 1968 година.[3]
  • „Убавата ѕвезда од Витлеем“ (Beautiful star of Bethlehem) - песна на пејачката Пати Лавлес (Patty Loveless).[4]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица