Џек Вилшер

Џек Ендру Гари Вилшер (англиски: Jack Andrew Garry Wilshere; р. 1 јануари 1992) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на англиската репрезентација.

Англија Џек Вилшер
Вилшер со Арсенал во 2014 г.
Лични податоци
Полно имеЏек Ендру Гери Вилшер[1]
Роден на1 јануари 1992(1992-01-01)(32 г.)
Роден воСтивениџ, Англија
Висина1,72 м[2]
ПозицијаСреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубВест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
БројTBD
Младинска кариера
2001Лутон Таун
2001–2008Арсенал Арсенал
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2008–2018Арсенал Арсенал125(7)
2010Болтон Болтон14(1)
2016–2017Борнмут Борнмут27(0)
2018–Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед0(0)
Репрезентација
2006–2007Англија Англија 162(0)
2007–2009Англија Англија 179(0)
2009Англија Англија 191(0)
2009Англија Англија 217(0)
2010–Англија Англија34(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21:12, 24 мај 2015 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:00, 14 јуни 2015 (UTC)

Вилшер ја започнал својата кариера во академијата на Арсенал и оставил добар впечаток од рана возраст. Својот прв професионален настап за екипата на Арсенал го имал во 2008 година, со што станал најмлад дебитант во англиската Премиер лига, на возраст од 16 години и 256 дена.[3] Вилшер добил многубројни признанија како што се најдобар млад играч во лигата, предложен во најдобрата екипа за сезоната 2010-2011 и играч на сезоната во Арсенал.

Вилшер моментално е сениорски репрезентативец на англиската репрезентација, а претходно ги поминувал сите категории, почнувајќио од онаа под 16 години, па понатаму под 17, под 19 и под 21 година. Својот прв настап за сениорската репрезентација на Англија го имал против репрезентацијата на Унгарија на возраст од 18 години и 222 дена, со што станал 10-ти најмлад дебитант во историјата на англиската репрезентација.[4]

Детство

Вилшер е роден на 1 јануари 1992 година. Роден е во Стивинеџ и моментално живее во Хитчин. Уште од најрана возраст било јасно дека поседува голем талент за фудбал.

Клупска кариера

Младински настапи

Вилшер и си приклучил на Академијата на Арсенал на возраст од 9 години, по краток престој во Лутон Таун.

На возраст од 15 години бил именуван за капитен на тимот под 16 години и имал настапи за тимот под 18 години. Менаџерот на Арсенал под 18 години му дал можност на Вилшер да настапува во 18 натпревари со што тој возвратил со 13 гола.

Сениорски настапи

Во сезоната 2008 Џек Вилшер повеќе нема да игра во тимот на Арсенал под 18, тој е преместен во сениорскиот тим на Арсенал. Џек Вилшер ја добива целосната поддршка од тренерот Џек Вилшер.

На шеснаесет години и 329 дена, Џек Вилшер стана најмладиот играч на Арсенал. Рекордот претходно бил во сопственост на Сеск Фабрегас.

Позајмица во Болтон

Во сезоната 2010 Арсенал сака Џек да се здобије со искуство, така што тие го праќаат Џек на позајмица во Болтон. Вилшер одигра во 14 натпревари за Болтон и импресионирани.Менаџерот на Болтон Овен Којл се обиде да го придобије Џек и да остане уште една сезона меѓутоа тоа заврши неуспешно.

Позајмица во Борнмут

На 31 август 2016 година, Вилшер замина на позајмица во Борнмут во сезоната 2016–17 и му беше доделен бројот 32 кој претходно го носел Енуан О Кане.[5][6] На 10 септември 2016 година, Вилшер го одиграл својот прв натпревар за Борнемут против Вест Бромвич Албион, како замена во 63 минута, а Борнмут победил со 1-0.[7] Вилшер бил избран за играч на Борнемут два последователни месеци, во ноември и декември.[8] На 15 април 2017 година, Вилшер се здобил со фрактура на левата ножна коска по неговиот судир со Хари Кејн во натпреварот против Тотенхем на Вајт Харт Лејн.[9] На 19 април 2017 година, било потврдено дека Вилшер ќе го пропушти остатокот од сезоната откако настапил 29 пати за Борнмут и било огласено дека ќе биде вратен во Арсенал.[9]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица