Џон Хазбрук ван Флек

Џон Хазбрук ван Флек (англиски: John Hasbrouck Van Vleck 13 март 189927 октомври 1980) — американски физичар и математичар, награден со Нобелова награда за физика во 1977 година заедно со Невил Франсис Мот и Филип Ворен Андерсон, за неговите придонеси за објаснувањето на однесувањето на електроните во магнетните цврсти тела.

Џон Хасбрук ван Флек
Џон Хасбрук ван Флек, 1974 година
Роден(а)13 март 1925(1925-03-13)
Мидлтаун, Конектикат
Починал(а)27 октомври 1980(1980-10-27) (возр. 81)
Кембриџ, МАсачусетс
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиМнесотски универзитет
Висконски универзитет
Харвард
Оксфордски универзитет
Колеџ Балиол
ОбразованиеВисконски универзитет
Харвард
Докторски менторЕдвин Кембл
ДокторандиРоберт Сербер
Едвард милс Персел
Филип Андерсон
Томас Кун
Џон Атанасоф
Поважни наградиЛангмуирова награда (1965)
Национален медал за наука (1966)
Кресонов медал (1971)
Лоренцов медал (1974)
Нобелова награда за физика (1977)

член на Кралското друштво[1]

Живот и работа

Роден во Мидлтаун, Конектикат, како син на математичарот Едвард Бур ван Флек и внук на астрономот Џон Монро ван Флек, тој израснал во Мадисон, Висконсин, и стекнал диплома од Висконскиот универзитет во 1920 година. Подоцна заминува на Харвард за дкторските студии кои ги завршува во 1922 година. Се вработил на Минесотскиот универзитет како помошник професор во 1923 година, за да се премести подоцна на Висконскиот универзитет пред да заврши на Харвард. Тој исто тка добил почесна диплома од Веслејанскиот универзитет во 1936 година.[2]

Ван Флек ги воспоставил основите на квантно механичката теорија на магнетизмот и теоријата на кристалното поле (хемиските врски во металните комплексни соединенија). Тој се смета за татко на современиот магнетизам.[3][4][5]

За време на Втората светска војна, ван Флек работел на радарот при радијационата лабораторија на МИТ. Тој половина од времето го минувал во лабораторијата а другата половина на Харвард. Тој покажал дека при бранова должина од 1,25 cm молекулите на водата во атмосферата ќе доведат до проблематично впивање и дека при бранова должина од 0,5 cm же има слично впивање и кај кислородните molekuli.[6][7][8][9]Ова имало важни последици не замо за воениот и (и цивилниот) радарски систем но и за подоцнежната нова наука радиоастрономијата.

Ван Флек (лево) го добива Лоренцовиот медал од Хендрик Бругт Герхард Касимир во Кралската холандска академија на науките и уметностите, Амстердам.

ВАн флек учествувал и во преоктот Менхетен. Во јуни 1942 година, Роберт Опенхајмер држел летна школа за потврдување на концептот и можноста за создавање на јадреното оружје при Калифорнискиот универзитет. Присуствувале осум теоретски научници, меѓу кои и ван Флек. Од јули до септември, теоретската групаги прегледала и развила начелата на изработка на атомската бомба.[10][11][12]

Ван Флековата теоретска работа довела до воспоставувањето на лабораторија за јадрено оружје во Лос Аламос. Тој исто така бил дел од комитетот во лабораторијата Лос Аламос во 1943 година. Комитетот кој бил воспоставен од генералот Лесли Гровс, се состоел и од Ворен Луис, како претседател, Е. Роуз, Едгар Вилсон и Ричард Толман, заменик претседател. Придонесот на овој комитет бил значителното намалување на големината на топот потребен за испалување на атомската бомба наречена Литл бој, концепт кој ја отстранил дополнителната тежина и го забрзал производството на бомбата за нејзиното фрлање над Хирошима. Сепак не било применето за бомбата Фат мен која била фрлена над Нагасаки, кај која настанувала имплозија благодарение на критичната маса на школката од плутониум.[13][14]

Во 1961/62 тој бил повремен професор на Оксфордскиот универзитет[15] и професор на колеџот Балиол.[16]

Тој бил награден со Националниот медал за наука во 1966 година[17] и со Лоренцовиот медал во 1974 година.[18]За неговите придонеси во разбирањето на однесувањето на електроните во магнетните цврсти тела, ван Флек бил награден со Нобелова награда за физика во 1977 година, заедно со Филип Ворен Андерсон и Сер Невил Франсис Мот.[19] Ван Флекова трансформации и ван Флековиот магнетизам[20] се именувани според него.

Ван Флек починал во Кембриџ, Масачусетс, на возраст од 81 година.[21]

Дела

Собирач на јапонска уметност

Ван Флек и неговата сопруга Абигејл била страствени собирачи на уметнички дела, особено на печатени јапонски дрвени блокови, познати како ван Флекова збирка. Збирката ја наследил од неговиот татко Едвард Бур ван Флек. Тие ја подариле на месниот музеј во Мадисон Висконсин во 1980-ите.[22]

Наводи

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица