Џорџ Смит (физичар)

Џорџ Смит (англиски: George Smith 10 мај 1930) — американски научник, применет физичар, икопронаоѓач на CCD-то. Тој бил награден со една четвртина од Нобеловата награда за физика за „за пронаоѓањето на сликовното полупроводничко коло — CCD-сетилникот“.[1]

Џорџ Смит
Роден(а)10 мај 1930(1930-05-10)(94 г.)
Вајт Плејнс, Њујорк, САД
НационалностАмериканец
ПолињаПрименета физика
УстановиБелови лаборатории
ОбразованиеЧикашки универзитет (Д-р 1959)
Пенсилваниски универзитет (дип. 1955)
Познат поCCD
Поважни наградиЛибманова награда (1974)
Драперова награда (2006)
Нобелова награда за физика (2009)

Животопис

Смит е роден во Вајт Плејнс, Њујорк. Тој служел воен рок во американската морнарица, и дипломирал на Пенсилванискиот универзитет во 1955 година а својот докторат го стекнал на Чикашкиот универзитет во 1959 година со дисертација од само 8 страници.[2] Тој работел во Беловите лаборатории во Муреј Хил, Њу Џерси од 1959 до неговото пензионирање во 1986 година, каде тој го водел истражувањето во нови ласери и полупроводнички направи. За време на неговиот работен ангажман, Смит бил награден со дузина на патенти и накрај станал раководител на оделот за VLSI направи.[3]

Во 1969 година, Смит и Вилард Бојл го создале CCD-то,[4] за чие откривање биле наградени од Френклиновиот институт со Балентајнов медал во 1973 година, во 1974 година ја добива Либмановата награда, а во 2006 година Драперовата награда, а во 2009 година Нобеловата награда за физика.

Заедно Бојл и Смит биле искусни морепловци кои многупати пловеле заедно. По пензионирањето Смит го препловил светот заедно со својот долгогодишен животен сопатник, Џенет, во период од 17 години, откажувајќи се од своето хоби во 2003 година изјавувјаќи дека тоа го сторил „за да ги поштеди крцкавите коски од понатамошни бури.“[3] Тој моментално живее во Вејртаун, Њу Џерси.[5]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица