Џуаншки јазик

Џуаншки јазици (самонар. Vahcuengh, саундип: 话壮; кинески: 壮语, пинјин: Zhuàngyǔ) — група тајски јазици на кои говорат Џуанците. Групата не е јазичаричка, туку етничка. Се говори претежно во автономниот регион Гуангсји, НР Кина, каде литературниот џуаншки е службен јазик. Бујејскиот јазик во соседната покраина Гуејџоу исто така е стандардизиран. Покрај тоа, во покраината Јинан живеат уште милион говорници.[2]

Џуаншки
Vahcuengh
Застапен воКина
Говорници16 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
крадајско
  • тајско
    • џуаншки
Стандардни облици
литературен џуаншки
Писмосаундип
Јазични кодови
ISO 639-1za
ISO 639-2zha
ISO 639-3zha — опсежен код
Поединечни кодови:
zch — среднохунгшуејски
zhd — дајски (венма)
zeh — источнохунгшуејски
zgb — гуејбејски
zgn — гуејбјенски
zln — лиеншански
zlj — лиуџаншки
zlq — лиученски
zgm — мински
zhn — нуншки (јенгуаншки)
zqe — чубејски
zyg — јаншки (деџиншки)
zyb — јунгбејски
zyn — јунгнански
zyj — јоуџаншки
zzj — џуоџаншки
Книги на џуаншки јазик

Шеснаесетте џуаншки јазици заведени во ISO 639-3 не се заеморазблирливи, а дури некои од нив се сочинети од повеќе јазици.[3] Џуминшкиот и бујејскиот се во дијалектен континуум, а истото важи и за џуаншките и разните (други) нуншки јазици како тејскиот, нуншкиот, санчајскиот во северен Виетнам. Самите џуаншки јазици не сочинуваат јазична целина.

Науката што се занимава со изучување на јазикот и културата на Џуанците се нарекува џуанологија.

Говори

Кинеските јазичари[4] ги делат џуаншките јазици на северно и јужно наречје, а секое наречје има разни говори. За литературен се смета вуминшкиот говор на јунгбејскиот џуаншки (во северноџуаншкото наречје). Јужните говори имаат приздивни избувни согласки, а северните немаат.[5] Постојат преку 60 различни тонски системи со 5–11 тона, зависно од говорот.

Северноџуаншко наречје (8.572.200 говорници;[4][6] говори северно од реката Јунг ISO 639 ccx пред 2007 г.)

  • 1. гујбејски 桂北 — 1.290.000 говорници (ISO 639 zgb)
  • 2. лиуџаншки 柳江 — 1.297.000 говорници (ISO 639 zlj)
  • 3. хунгшуејски 红水河 — 2.823.000 говорници
  • 4. јунгбејски 邕北 — 1.448.000 говорници (ISO 639 zyb)
  • 5. јоуџаншки 右江 — 732.000 говорници (ISO 639 zyj)
  • 6. гујбјенски 桂边 (јеј) — 827.000 говорници (ISO 639 zgn)
  • 7. чубејски 丘北 (јеј) — 122.000 говорници (ISO 639 zqe)
  • 8. лиеншански 连山 — 33.200 говорници (ISO 639 zln)

Јужноџуаншко наречје (4.232.000 говорници;[4][6] говори јужно од реката Јунг. ISO 639 ccy пред 2007 г.)

  • 9. јунгнански 邕南 — 1.466.000 говорници
  • 10. цуоџаншки 左江 — 1.384.000 говорници
  • 11. деџиншки 得靖 — 979.000 говорници
  • 12. јенгуаншки 砚广 (нуншки) — 308.000 говорници
  • 13. дајски 文马 (венма) — 95.000 говорници

Писма

Ракопис напишан со писмото саундип

Џуаншките јазици се пишуваат со староџуаншкото писмо (саундип) веќе преку илјада години, а претходно веројатно со писмото саугок. Писмото ористи позајмени и прилагодени кинески знаци. Денес, итературниот џуаншки (стандарден) и бујејскиот јазик се пишуваат со латинично писмо.

Пример за џуаншки текст

Стар правописНов правописСаундипМакедонски
Bouчbouч ma dəŋƨ laзƃɯn couƅ miƨ cɯyouƨ, cinƅyenƨ cəuƽ genƨli bouчbouч biŋƨdəŋз. Gyoeŋƽ vunƨ miƨ liзsiŋ cəuƽ lieŋƨsim, ɯŋdaŋ daiƅ gyoengƽ de lumз beiчnueŋч ityieŋƅ.Bouxboux ma daengz lajmbwn couh miz cwyouz, cinhyenz caeuq genzli bouxboux bingzdaengj. Gyoengq vunz miz lijsing caeuq liengzsim, wngdang daih gyoengq de lumj beixnuengx ityiengh.俌俌庅𦘭𨑜⿱天云就𠷯自由,莊嚴㖟權力俌俌平等。眾伝𠷯理性㖟良心,應當待眾佚㑣𤿌儂一樣。Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност..

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица