Акузатив

Акузативот, кртенка аку, е падеж кој се користи да се изначи директниот предмет на преоден глагол. Акузативот вообичаено е именка врз која нешто се направило, и најчесто поврзано со номинативот. Синтаксната функција на акузативот е да се означи предметот на дејството, резултатот, целта и опсегот на дејството.[1]

Акузативот постоел во праиндоевропскиот јазик, и така постои кај поголем број современи индоевропски јазици, меѓу кои латински, санскрит, грчки, германски, полски, романски, руски, украински, но и кај семитските и уралските јазици. Македонскиот јазик нема падежи, и така не е присутен акузативот во јазикот. Наместо падежот, македонскиот користи комбинации од предлози и заменски форми.

Потекло на поимот

Зборот „акузатив“ потекнува од латинскиит accūsātīvus[2], а кое пак е превод од старогрчкиот збор αἰτιατικὴ (πτῶσις), aitiatikē (ptôsis). Старогрчкиот означува „инфлекција на нешто причинето“ или „за обвинување“.[3] Најверојатно се преводеле од првото значење кога се избрал поимот.

Опис

За да се опише функцијата на акузативот, да се разгледа следнава реченица: „Мажот ја гледа жената“. Во реченицата, „мажот“ е подмет (лице), а „жената“ е директен предмет. Ако ја земеме истата реченица во обратен редослед („Жената го гледа мажот“), ќе забележиме дека постојат истите функции, но и истите форми на зборовите, само овој пат на различни места. Ако оваа реченица беше искажана на јазик кој има падежи, директниот предмет би имал посебна форма за да се искаже дека таа именка е во акузатив. Ова може да се разгледа со македонска реченица каде има употреба на заменки. Кај реченицата „Тој ја гледа неа“, но и обратно, „Таа го гледа него“, може да се види дека во македонскиот има посебни форми за директен предмет и посебни заменки за подмет, кое е слично кај другите јазици кои имаат акузатив, каде имаат посебни форми за именки во акузатив и номинатив.

Наводи

  • Velten, H.V., 1932. The accusative case and its substitutes in various types of languages. Language, 8(4), 255-270.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица