Аналитичка филозофија

Аналитичка филозофија е стил на филозофирање кој се појавува во земјите од англиско говорно подрачје во ХХ. век. Во Обединетото Кралство, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Скандинавија, најголем дел од универзитетските институти се декларираат како аналитички.[1] Поимот аналитичка филозофија се однесува на следниве нешта:

  • Начин на филозофирање[2][3] кој се одликува со аргументативна јасност и прецизност (преку формалната логика и анализа на јазикот) и честа потреба да се зборува за или користат сознанијата на математиката и природните науки.[4][5][6]
  • Конкретни теориски движења во раниот ХХ. век кои претставуваат историски предвесници на современата аналитичка филозофија: делата на Бертранд Расел, Лудвиг Витгенштајн, Џ. Е. Мур, Готлоб Фреге и логичките позитивисти. Во оваа потесна смисла, аналитичката филозофија се одликува со неколку одлики (некои од нив се во голема мера отфрлени од страна на современите аналитички филозофи), како на пример:
    • Начелото на логичкиот позитивизам дека не постојат одредени филозофски факти, односно дека целта на филозофијата е логичко разјаснување на мислите. Ова тврдење стои наспроти фундаментализмот, според кој филозофијата е посебна наука (или научна дисциплина) која ги истражува фундаменталните/основните разлози и начела на светот.[7] Следствено, многу аналитички филозофи сметаат дека нивните размисли се продолжение или подвид на сознанијата на природните науки. Ова е став кој потекнува уште од Џон Лок, кој ја опишува својата работа како „потчинета“ на достигнувањата на научници како Њутон. Во текот на ХХ. век, Вилијард Ван Орман Квајн највлијателно ја промовира идејата за поврзаноста на филозофијата со науката.[8]
    • Начелото дека логичко појаснување на мислите може да се постигне преку анализа на логичката форма на филозофските искази.[9] Логичката форма на еден исказ е начин на негово претставување (најчесто со употреба на формална граматика и симболизмот на еден логички систем), негово сведување на составните делови, и изнаоѓањето на сличноста помеѓу исказот и нему сличните. Сепак постојат несогласувања помеѓу аналитичките филозофи за точната логичка форма на секојдневниот јазик.[10]
    • Занемарувањето на општи филозофски системи во полза на поограничени, но попрецизно изразени сознанија[11] или секојдневниот јазик.[12]

Според еден познат пасус од делото на Расел:

Модерниот аналитички емпиризам [...] се разликува од оној на Лок, Беркли и Хјум бидејќи вклучува математика, но и моќна, одлично развиена логичка апаратура. Поради тоа е способен, во однос на некои проблеми, да изнајде конечни одговори, кои се повеќе научни, отколку филозофски. Ја има предноста, во споредба со систематските филозофии, да ги решава проблемите еден по еден, наместо со еден замав да мора да создаде сеопфатна теорија на целиот универзум. Неговите методи, во оваа смисла, се налик научните. Не се сомневам, сè додека филозофското знаење е возможно, дека само преку овие методи треба да се истражува; Исто така не се сомневам, дека со овие методи многу антички проблеми се решливи.[13]

Аналитичката филозофија најчесто е противставена со други филозофски традиции, особено континенталните филозофии како егзистенцијализмот и феноменологијата, но и томизмот, марксизмот и индиската филозофија.[14]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица