Антигониди

Антигонидска династија или Антигонидидинастија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

Монета со ликот на Антигон I Едноокиот (382-301 г. п.н.е.)

Напорите на Антигон I Едноокиот за воспоставување на контрола врз целокупната територија на Македонската Империја завршиле со негов пораз во Битката кај Ипс во 301 п.н.е.. Неговиот син, Деметриј I Опсадникот ја преживеал битката и неколку години подоцна завладеал со Македонија, но подоцна бил симнат од престолот и умрел во затвор. По период на нереди, синот на Деметриј, Антигон II Гонат успеал да ја зацврсти семејната власт врз старото Македонско Кралство, како и врз речиси сите грчки градови-држави до 276 п.н.е..[1]

Антигонидската династија била една од четирите династии воспоставена од страна на наследниците (дијадоси) на Александар Македонски, останатите три династии биле: Селевкидската династија, Птоломејската династија и Аталидската династија. Последниот член на династијата, Персеј, кој владеел помеѓу 179 п.н.е. - 168 п.н.е., бил признат од грците како борец за ослободување од римската власт. Персеј не успеал да го сопре напредувањето на римските легии и неговиот пораз во Битката кај Пидна значело и почеток на крајот на династијата.[2]

Членови на династијата, влатедетели со Македонија

Деметриј I Опсадникот.
владетелпериод на владеењезабелешка
Антигон I Едноокиотзачетник на династијата
Деметриј I Опсадникот294 п.н.е. - 287 п.н.е.
Антигон II Гонат277 п.н.е. - 274 п.н.е.
Антигон II Гонат272 п.н.е. - 239 п.н.е.повторно назначен
Деметриј II239 п.н.е. - 229 п.н.е.
Антигон III Досон229 п.н.е. - 221 п.н.е.
Филип V221 п.н.е. - 179 п.н.е.
Персеј179 п.н.е. - 168 п.н.е.последниот крал во династијата
Антигон II Гонат.
Филип V.
Персеј, последниот крал од антигонидската династија

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица