Арџеш (округ)

округ во Романија


Арџеш (романски: Judeţul Argeş) — округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Питешт, а значајни градови се и Курта де Арџеш и К’мпулунг.

Округ Арџеш
Argeş
Грб
Местоположба на округот Арџеш во Романија
 
ПокраинаМунтенија
СедиштеПитешт
Население652.625 (2002)
Површина6.862 km2
Густина на населеност95/km2
ISO 3166-2 шифраRO-AG
Мрежно местоwww.cjarges.ro

Географија

Местоположба

Предел од јужниот дел на Арџеш

Округот Арџеш е копнен округ во Романија. Окружен е:

  • на север со: Брашов;
  • на исток со: Д’мбовица;
  • на југ со: Телеорман;
  • на југозапад со: Олт;
  • на запад со: Валча;
  • на северозапад со: Сибињ.

Релјеф

Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна покраина Мунтенија. Низ округот тече реката Арџеш, по која округот го добил и името. Северниот дел на Арџеш има планински карактер, каде се простираат Карпатите, во средишниот дел се простираат шуми, кои ко јужниот дел постепено преминуваат во Влашката Низина.

Демографија

Арџеш спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав во округот го сочинуваат:

Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:

ГодинаНаселение[2]
1948448.964
1956483.741
1966529.833
1977631.918
1992681.206
2002652.625

Стопанство

Округот Арџеш е едн од најразвиените индустриски региони во Романија. Во него има рафинерија за нафта, а во Миовени, односно К’мпулунг се наоѓаат седиштата на автомибилските производители „Дачија“, односно АРО.

Од индустриските гранки, најразвиени се:

Нафтата се исцрпува во средишниот и во јужниот дел на округот. Во округот има и рудници на јаглен, а во близина на Миовени се наоѓа центар за јадрено истражување и производство на јадрено гориво за потребите на атомската централа во близина на Чернавода. По течението на реката Арџеш распоредени голем број на хидроцентрали, од кои најзначајна е хидроцентрљлата Видрару, со соодветната брана.

Ридестите предели во округот се погодни за одгледување на овошје, а во овие предели се произведува и вино, а јужниот дел е погоден за одгледување на жито.

Туризам

Глаавни туристички одредишта во округот се:

  • градот Питешт;
  • градот Курта де Арџеш, во чијашто близина се наоѓа манастирот Курта де Арџеш;
  • пределот меѓу градовите К’мпулунг и Рукар;
  • Прекуфагарашкиот пат на Фагарашките Планини;
  • планината Леата;
  • дворецот Појенари; и
  • манастирот Котмана.

Административна поделба

Округот е поделен на 3 општини, 4 градови и 95 општини.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица