Романци

Романците (романски: rumâni, во минатото нарекувани уште и Власи) се нација и етничка група[1] чија матична земја е Романија и зборуваат на романски јазик кој спаѓа во фамилијата на романски јазици.

Романци
Români
Етничка дистрибуција на Романците низ светот
Вкупен број
околу 24 – 30 милиони
Подрачја со значајно население
 Романија 16.870.000 (2011)
 САД462.526 (2006)
 Шпанија300.000
 Италија248.849
 Украина150.989
 Канада53.320 – 78.505
 Германија73.365
 Бразил33.280
 Србија30.419
 Австралија10.000 – 20.000
 Унгарија7995 (2001)
Јазици
романски
Вероисповед
Претежно православно христијанство
(Романска православна црква),
исто така римокатолицизам, грчки католицизам и протестантизам
Сродни народи
власи, молдавци

Романците како еден единствен етнос делат заеднички одлики како што се: имање на сопствена романска култура, потекло, имајќи го романскиот како мајчин јазик, потоа по државјанството во било која земја да се наоѓа Романецот. Законот за романско државјанство[2] бил регулиран во март 1991 година со тоа што им се дава права на втората и третата генерација на потомци од луѓе со романско потекло да имаат романско државјанство, ако течно зворуваат на романски и имаат доволно познавање на романската историја и култура. 89.4% од населението на Романија се изјасниле како Романци на романскиот попис од 2002 година, но сепак треба да се има предвид дека како Романци се изјаснуваат и одредени Роми кои ги има околу 2,000,000.[3] Денеска во светот 23,8 милиони го имаат романскиот за мајчин јазик.[4]

Во едно толкување од пописните резултати во Молдавија, Молдавците биле броени како Романци, што значи дека исто така тие формираат мнозинство и во друга држава.[5][6] Значајно романско население живее и во земјите како: Унгарија, Бугарија, Србија, Италија, Шпанија итн.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица