Битка за Франција

Битката за Франција (француски: bataille de France) [10 мај - 25 јуни 1940 година] познатa и како Западната кампања (германски: Westfeldzug), Француската кампања (германски: Frankreichfeldzug, француски: campagne de France) и Падот на Франција, ― германската инвазија над Франција, Белгија, Луксембург и Холандија за време на Втората светска војна. На 3 септември 1939 година, Франција и објавила војна на Германија, по германската инвазија на Полска. На почетокот на септември 1939 година, Франција ја започнала ограничената офанзива на Сар и до средината на октомври се повлече на своите почетни линии. Германските војски ги нападнале Белгија, Луксембург и Холандија на 10 мај 1940 година. Италија влегла во војната на 10 јуни и се обидела да изврши инвазија на Франција. Франција и Ниските Земји биле освоени, завршувајќи ги копнените операции на Западниот фронт до слетувањето во Нормандија на 6 јуни 1944 година.

Битка за Франција
Дел од Западниот фронт на Втората светска војна

Според стрелките на часовникот од горе лево:
Датум 10 мај – 25 јуни 1940 (6 недели)
МестоНиските Земји, Франција
ИсходГерманска победа
Територијални
промени
Делови на Франција ставени по германска и италијанска воена окупација
Завојувани страни
 Германија
 Италија (од 10 јуни)
Команданти и водачи
Трет Рајх Валтер вон Браухич
Трет Рајх Герд фон Рундштет
Трет Рајх Федор фок Бок
Трет Рајх Вилхелм фон Лееб
Трет Рајх Алберт Кеселринг
Трет Рајх Хуго Шперле
Фашистичка Италија (1922–1943) Принц Умберто
Франција Морис Гамелин[б 1]
Франција Алфонс Жорж[б 1]
Франција Максим Веган[б 2]
Франција Гастон Бијот 
Франција Жорж Бланшар
Франција Андре-Гастон Претела
Франција Антоан-Мари-Беноа Безон
Обединето Кралство Лорд Горт
Белгија Леополд III зароб.
Холандија Хенри Винкелман зароб.
Вклучени единици
Сила
Германија: 141 дивизии
7,378 топови[3]
2,445 тенкови[3]
5,638 летала[4][б 3]
3,350,000 војници
Италијанци на Алпите
22 дивизии
3,000 топови
300,000 Италијанци
Сојузници: 135 дивизии
13,974 топови
3,383–4,071 француски тенкови[3][5]
<2,935 летала[4][б 4]
3,300,000 војници
Французи на Алпите
5 дивизии
~150,000 Французи
Жртви и загуби
Германија:
27,074 загинати[б 5]
111,034 ранети
18,384 изчезнати[6][7][8]
1,129 загинати воздухопловци[9]
1,236 изгубени летала[6][10]
795–822[11] изгубени тенкови[б 6]
Германци: 157,621
Италијанци: 6,029–6,040[б 7]


Вкупно: 163,676

376,734 мртви, изчезнати и ранети[б 8]
1,756,000 фатени
2,233 загубени летала[23]
1,749 француски загубени тенкови[б 9]
689 британски тенкови загубени[б 10]


Вкупно: 2,260,000

Во „Жолтиот случај“ (германски: Fall Gelb), германските оклопни единици извршиле ненадејно туркање низ Ардените, а потоа по долината на Сома, отсекувајќи ги и опкружувајќи ги сојузничките единици кои напредувале кон Белгија за да се сретнат со германските војски. Британските, белгиските и француските сили биле турнати назад во морето од страна на Германците, а британската и француската морнарица ги евакуирале опколените елементи на Британските експедициски сили (БЕС) и француската и белгиската војска од Данкерк во операцијата Динамо.

Германските сили го започнале „Црвениот случај“ (Fall Rot) на 5 јуни 1940 година. Шеесетте преостанати француски дивизии и двете британски дивизии во Франција решиле да застанат на Сома и Ен, но биле поразени од германската комбинација на воздушна надмоќност и оклопна мобилност. Германските војски ја надминала недопрената Мажинова линија и навлегла длабоко во Франција, окупирајќи го Париз без отпор на 14 јуни. По бегството на француската влада и колапсот на француската војска, германските команданти се сретнале со француските службени претставници на 18 јуни за да преговараат за крај на непријателството.

На 22 јуни 1940 година, Франција и Германија го потпишале Второто примирје во Компјењ. Неутралната Вишиевска влада предводена од маршалот Филип Петен ја замени Третата република и германската воена окупација започна по должината на француското Северното Море и бреговите на Атлантикот. Италијанската инвазија на Франција над Алпите зазела мала количина земја и по примирјето, Италија окупирала мала област на југоисток. Вишиевскиот режим ја задржал „слободната зона“ (zone libre) на југ. По сојузничката инвазија на Француска Африка во ноември 1942 година, Германците и Италијанците ја преземале контролата врз зоната сè додека не била ослободена од сојузниците во 1944 година.

Забелешки

Фусноти

Наводи

Книги

Весници

Мрежни места

Дополнителна книжевност

Книги

Тези

  • Connors, Joseph David (1977). „Bibliography“. Paul Reynaud and French National Defense, 1933–1939 (PhD thesis) (online scan. изд.). Loyola University of Chicago. стр. 265–283. OCLC 10499727.
  • de Konkoly Thege, Michel (2015). „Bibliography“. Paul Reynaud and the Reform of France's Economic, Military and Diplomatic Policies of the 1930s (MALS/MPhil thesis) (online scan. изд.). Graduate Liberal Studies Works. стр. 171–176. doi:10.14418/wes01.4.6. Docket Paper 6.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица