Борис Годунов

Борис Фјодорович Годунов (руски: Бори́с Фёдорович Годуно́в; 1551-13 април 1605) бил руски цар од 1598 до 1605 година.

Борис Годунов
Цар на Русија
Tsar Boris I
На престол7 јануари 1598 - 13 април 1605
Крунисување21 февруари 1598
ПретходникФјодор I
НаследникФјодор II
Жена
  • Марија Григориевна Скуратова-Белскаја, ќерка на Маљута Скуратов-Белскиј
ДецаФјодор II
Полно име
Борис Фјодорович Годунов
ДинастијаГодунов

Рани години

Борис Годунов е од татарско потекло, поточно од Златната орда којашто се населиле на територијата на денешна Русија, Украина и Казахстан[4] .

Борис Годунов уште како млад работел за царот Иван Грозни. Во 1571 година станал член на Опричнината, со што станал и противник на опозицијата. Во својата работа тој бил многу способен, па напредувал во својата дворска позиција. Неговиот дворски статус се зацврстил по неговата женидба со Марија Григориевна Скуратова-Белскаја, која била ќерка на Маљута Скуратов-Белскиј, а која била љубовница на царот Иван Грозни.

Во 1580 година Иван Грозни ја земал Борисовата сестра Ирина за жена на својот четиринаесет годишен син Фјодор, којшто го назначил и за свој наследник. По неколку години Иван Грозни планирал да го ожени уште еднаш Фјодор, бидејќи тој не можел да има деца со Ирина, меѓутоа во 1584 година тој починал.

На престолот дошол Фјодор I Иванович којшто не бил доволно способен да ја води државата, па знаејќи го тоа и неговиот покоен татко, Иван Грозни како регент за својот син го поставил токму Борис Годунов.

Животот како регент

На 31 мај 1584 година, Борис Годунов станал регент на новиот руски цар Фјодор I. Но, новиот цар не знаел многу добро и успешно да води политика, па тој најчесто го слушал последниот збор на својот регент.

Борис Годунов како регент успеал да извојува победа над Швеѓаните во Руско-шведската војна (1590-1595) и да освои неколку градови. Тој водел и цврста и непопустлива политика спрема Османлиското Царство за Крим.

Се смета дека неговата победа против „неговите предци“, Татарите е од многу големно значење за Русија, а по тоа тој успеал повторно да го колонизира Сибир, а по пат главно по течението на реката Волга и нејзините притоки и во западна Русија (по течението на реката Дон) изградил и градови-тврдини од кои најпознати се Волгоград, Саратов, Самара, Тоболск и Воронеж.

Животот како цар

По смртта на царот Фјодор I на 7 јануари 1598 година во Русија немало престолонаследник. За да ја спречи можната криза во скоро време московскиот патријарх Јоб го предложил Борис Годунов како најспособен за цар на Русија. На 17 февруари Народното собрание едногласно го признало, а веќе на 21 февруари станал новиот руски цар којшто официјално бил крунисан на 1 септември 1598 година.

Тој извршил големи реформи во Русија, а најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и ги носел на царскиот двор за да учителствуваат и во Русија.

Поради победата над Шведска уште од времето како регент, Годунов настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел тој морал да ја освои Ливонија.

Побуната против царот Борис Годунов и неговата смрт

Во 1600 година, Борис Годунов го поддржал создавањето на Полско-литванската повелба што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни Димитриј Иванович којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва.

Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко.

Наводи

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547)Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917)Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991)Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–)Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица