Булент Еџевит

Булент Еџевит (турски: Bülent E cevit) (28 мај 1925 во Истанбул - 5 ноември 2006 во Анкара) бил турски политичар и премиер на Турција во периодот од 1999 до 2002 година.

Булент Еџевит
Премиер на Турција
На должноста
11 јануари 1999 – 18 декември 2002
ПретходникМесут Јилмаз
НаследникАбдулах Ѓул
На должноста
5 јануари 1978 – 12 ноември 1979
ПретходникСулејман Демирел
НаследникСулејман Демирел
На должноста
21 јуни 1977 – 21 јули 1977
ПретходникСулејман Демирел
НаследникСулејман Демирел
На должноста
26 јануари 1974 – 17 ноември 1974
ПретходникНаим Талу
НаследникСади Ирмак
Водач на РНП
На должноста
14 мај 1972 – 30 октомври 1980
ПретходникКамил Кирикоглу
НаследникМустафа Устунџаг
Водач на ДЛТ
На должноста
13 септември 1987 – 7 март 1988
ПретходникРашан Еџевит
НаследникНеџдет Карабаба
На должноста
15 јануари 1989 – 25 јули 2004
ПретходникНеџдет Карабаба
НаследникЗеки Сезер
Лични податоци
Роден(а)28 мај 1925(1925-05-28)
Истанбул
Починал(а)5 ноември 2006(2006-11-05) (возр. 81)
Анкара
ПартијаДЛТ, РНП
СопружникРашан Еџевит
УстановаРоберт колеџ
Вероисповедислам
Потпис

Рани години

Еџевит е роден во семејство на професор во 1925 година, Се образувал на колеџот Роберт во Анкара, Лондон и на Харвард. Во Лондон завршил индиска литература и превел на турски едно од делата на Рабиндранат Тагоре.

Политичка кариера

Во текот на 1946 година Еџевит се вклучил во политички води, прво како прес-аташе во турската амбасада во Лондон, а потоа како новинар, уредник и, конечно, колумнист во весникот „Улус“. Еџевит се приклучил во Републиканската народна партија (РПП) основана од Кемал Ататурк и во 1957, станувајќи најмлад член на парламентот. Девет години подоцна станал генерален секретар, а 1972 и водач на РПП, трета личност на оваа највисока позиција по самиот Ататурк.

На функцијата премиер бил избиран во 1974 година, истата година кога во септември бил принуден да се повлече, во 1977, од 1978 до 1979. Во осумдесеттите добил љубезна порака од воените генерали да се подготви „за еден и пол час, доколку сака и заедно со сопругата“ да биде однесен во затвор. По релативно кусиот затворски стаж, Еџевит добил забрана од десет години да не се занимава со политика. На сцената повторно се вратил и од 1999 до 2002 година ја извршувал функцијата премиер.

Неговата политичка кариера е исполнета со големи настани. Во 1974 година наредил инвазија на северниот дел од Кипар со цел да го заштити турското малцинство таму беше наречен „втор Ататурк“. Во 1999 година за време на неговиот петти мандат како премиер успеал да го стави зад решетки водачот на курдските бунтовници, Абдула Оџалан, обвинет за 30.000 жртви на неговата војна против Анкара. Истата година, тој започнал радикални реформи во земјата како цврста демонстрација на Турција да стане членка на Европската унија. Подоцна, тој ја одбил поканата заедно со Грција да се приклучи кон тогашната Европска економска заедница.

Во текот на 2001 година, Еџевит јавно влегол во судир со шефот на државата Ахмет Сезер, кој бил незадоволен од начините за справување со корупцијата на владата на чие чело стоел Еџевит. Сезер го обвинил премиерот дека покажал „непочитување кое никогаш не било видено во историјата на нашата земја“. Политичката криза довела до паѓање на турските берзи, затворање на илјадници претпријатија и милиони нови отпуштени од работа.[1]

Во текот на својата политичка кариера, Еџевит преживеал девет обиди за атентат, од кои најопасни биле оние во Измир и во Њујорк, каде куршумите за малку го промашиле.[2]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица