Виетнамско домашно прасе

Виетнамско домашно прасе
Во зоолошката градина Лисабон во Лисабон

Загрозен  (МСЗП 3.1)Според ОХЗ (2007г.)[1]:130
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Класа:Цицачи
Ред:Парнокопитни
Семејство:Свињи
Потсемејство:Свињи
Род:Свиња
Вид:Виетнамско домашно прасе

Виетнамското домашно прасе ― егзоним за Лон I (виетнамски: Lợn Ỉ) или I свиња,[б 1] загрозена традиционална виетнамска раса на мали домашни свињи.

Прасето е подеднакво црно и има кратки нозе и ниско виси стомак, од каде произлегува и името. Прасето се одгледува за месо. Бавно расте, но месото има добар вкус.[2] Прасето било прикажувано на традиционалните Донг Хо слики во покраината Бац Нин како симбол на среќа, ситост и богатство.[3]

Историја

Донг Хо слика со свињи од врстата I.

Прасето е традиционална виетнамска раса. Се смета дека потекнува од виетнамската покраинта Нам Дин, во делтата на Црвена Река. Тоа било доминантна месна раса свињи во повеќето покраини на делтата и било широко распространето во покраината Нам Дин и соседните покраини Ха Нам, Нин Бин и Тај Бин, како и во покраината Тан Хоа веднаш на југ, во регионот на Северносредишното крајбрежје.[4]

До 1970-тите, прасето веројатно било најбројната раса на свињи во северен Виетнам, со бројки од милиони.[3] Од тоа време, попродуктивниот Монг Цаи започнал да го заменува. Националниот институт за сточарство на Виетнам започнал програма за конзервација, со субвенции за земјоделците кои одгледувале чистокрвен добиток, но ова имало мала корист - имало одредено зголемување на бројот, но по цена на зголемено инцестно оплодување.[3] Во 1991 година, вкупното население на прасињата било проценето на 675 000, а до 2010 година проценетиот број било 120. Во 2003 година, Националниот институт за сточарство го навел неговиот статус на зачувување како „критичен“;[5] во 2007 година ОХЗ го навел како „загрозен“.[1]

Пасење на оризни тераси во Са Па, во покраината Лао Цаи.

Мал број на I свињи биле извезени во 1960-тите во Канада и Шведска, за да се чуваат во зоолошки градини или да се користат за лабораториски опити. За една деценија, прасето било распространето во паркови за животни во други земји во Европа; неколку биле одгледувани на мали стопанства. Прасето влегло во Соединетите Држави од Канада во средината на 80-тите години на минатиот век, а до крајот на деценијата „тенџересто-стомачното прасе“ било продавано како домашно милениче. Не сите биле чистокрвни, а некои пораснале во значителна големина;[3]:616 модата траела кратко.[6]

Во 2013 година било прогласен за инвазивен вид во Шпанија.[7]

Особености

Виетнамско домашно прасе во Зоо Скопје.

Прасето I е мала свиња, со просечна тежина од приближно 50 кг, и просечна висина од околу 36 см.[4] Тоа е подеднакво црно, со доста збрчкана кожа. Има изразен занишан грб и голем обесен стомак, што кај бремени маторици може да се влече по земја. Главата е мала, со муцка свртена нагоре, мали уши и очи и доста виснати образи.[3]

Прасето е робустно и има добра отпорност на болести и на паразити. Обично се одгледува екстензивно и добро се хранат со слама од ориз и водени растенија во нејзината родна област. Особено е добро прилагоден на мочурливиот и каллив терен на кој обично живее: има плантиградни стапала, со тежина на сите четири прсти на секое стапало.[3]:616

Две главни врсти се признаени во расата: I-mo или дебелко I е типичната мала кратконожна свиња, со мали уши насочени нагоре и кратка муцка; I-pha или голем I е повисок, има подолги нозе и подолга муцка, со поголеми уши хоризонтално носени.[3]:616

Белешки

Наводи

Дополнителна книжевност

  • Нгуен, Туј Ти Диеу (2004). Genetic diversity and distances of Vietnamese and European pig breeds analysed with microsatellite loci. Ахен: Shaker Verlag. Дисертација.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица