Покраини во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương).

Карта на покраините во Виетнам

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини ().

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Управа

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Список на покраини

Според последниот попис, Виетнам има 85.789.573 жители. Најнаселена единица е градот Хо Ши Мин, кој претставува еден од петте централно управувани града, и има 7.123.340 жители. На второ место по населеност е неодамна проширениот град Ханој, со 6.448.837 жители. Најслабо населена единица е североисточната планинска покраина Бак Кан, со само 294.660 жители.[1]

По површина, најголема е покраината Нге Ан, која се протега од градот Вињ до широката долина на Црвената Река. Најмала е Бак Нињ, сместена во густо населената делта на реката.

Податоците на следнава табела се водат според пописот од 1 април 2009 г.[2]

Покраина/градАдмин. центарПовршина
(км²)[2]
Население[2]Густина
(жит/км²)[2]
Урбано
нас. (%)[2]
ИЧРРегион
Ан ЗјангЛонг Сујен3.536,82.142.709605,828,40,596Делта на Меконг
Ба Жја–Вунг ТауВунг Тау1.989,6996.682500,949,90,700Југоисточен
Бак ЗјангБак Зјанг3.827,41.554.131406,19,40,602Североисточен
Бак КанБак Кан4.868,4293.82660,416,10,602Североисточен
Бак ЛиеуБак Лиеу2.584,1856.518331,526,10,586Делта на Меконг
Бак НињБак Нињ823,11.024.4721.244,723,50,484Делта на Црвената Река
Бен ЧеБен Че2.360,21.255.946532,19,90,607Делта на Меконг
Бињ ДињКуи Њон6.039,61.486.465246,127,70,591Јужно централно крајбрежје
Бињ ДуонгТу Дау Мот2.696,21.481.550549,529,90,643Југоисточен
Бињ ТуанФан Тиет7.836,91.167.023148,939,30,637Јужно централно крајбрежје
Бињ ФуокДонг Соај6.883,4873.598126,916,50,665Југоисточен
Вињ ЛонгВињ Лонг1.479,11.024.707692,815,30,503Делта на Меконг
Вињ ФукВињ Јен1.373,2999.786728,122,40,523Делта на Црвената Река
Да Нанг-----1.257,3887.435705,886,90,689Јужно централно крајбрежје
Дак ЛакБион Ма Туот13.139,21.733.624131,924,00,596Централен планински крај
Дак НонгЗја Нгија6.516,9489.38275,114,70,563Централен планински крај
Диен БиенДиен Биен Фу9.562,5490.30651,315,00,545Северозападен
Донг НајБиен Хоа5.903,92.486.154421,133,20,489Југоисточен
Донг ТапКао Лањ3.376,41.666.467493,917,80,483Делта на Меконг
Зја ЛајПлејку15.536,91.274.41282,028,60,697Централен планински крај
Јен БајЈен Бај6.899,5740.397107,318,80,533Североисточен
Ка МауКа Мау5.331,71.206.938226,420,40,494Делта на Меконг
Кан То-----1.401,61.188.435847,965,90,389Делта на Меконг
Кањ ХоаЊа Чанг5.217,61.157.604221,939,90,555Јужно централно крајбрежје
Као БангКао Банг6.724,6507.18375,416,90,527Североисточен
Киен ЗјангЖат Зја6.348,31.688.248265,927,00,708Делта на Меконг
Кон ТумКон Тум9.690,5430.13344,433,50,593Централен планински крај
Куанг БињДонг Хој8.065,3844.893104,815,00,553Северно централно крајбрежје
Куанг НамТам Ки10.438,31.422.319136,318,60,548Јужно централно крајбрежје
Куанг НгајКуанг Нгај5.152,71.216.773236,114,60,618Јужно централно крајбрежје
Куанг НињХа Лонг6.099,01.144.988187,751,90,668Североисточен
Куанг ЧиДонг Ха4.760,1598.324125,727,40,529Северно централно крајбрежје
Лам ДонгДа Лат9.776,11.187.574121,537,80,545Централен планински крај
Ланг СонЛанг Сон8.331,2732.51587,919,20,648Североисточен
Лао КајЛао Кај6.383,9614.59596,321,00,665Североисточен
Лај ЌауЛај Ќау9.112,3370.50240,714,20,542Северозападен
Лонг АнТан Ан4.493,81.436.066319,617,40,435Делта на Меконг
Нам ДињНам Дињ1.650,81.828.1111.107,417,60,539Делта на Црвената Река
Нге АнВињ16.498,52.912.041176,512,90,547Северно централно крајбрежје
Нињ БињНињ Бињ1.392,4898.999645,617,90,601Делта на Црвената Река
Нињ ТуанФан Жанг-Тап Чам3.363,1564.993168,036,10,556Јужно централно крајбрежје
Сон ЛаСон Ла14.174,41.076.05575,913,80,497Северозападен
Тај БињТај Бињ1.546,51.781.8421.152,19,70,585Делта на Црвената Река
Тај НгујенТај Нгујен3.546,61.123.116316,725,60,656Североисточен
Тај НињТај Нињ4.035,91.066.513264,315,60,537Југоисточен
Тањ ХоаТањ Хоа11.136,33.400.595305,410,40,579Северно централно крајбрежје
Тиен ЗјангМи То2.484,21.672.271673,213,70,811Делта на Меконг
Туа Тиен-ХуеХуе5.065,31.087.420214,736,00,565Северно централно крајбрежје
Тујен КуангТујен Куанг5.870,4724.821123,513,00,664Североисточен
Фу ТоВиет Чи3.528,41.316.389373,115,80,513Североисточен
Фу ЈенТуј Хоа5.060,6862.231170,421,80,594Јужно централно крајбрежје
Ха ЗјангХа Зјанг7.945,8724.53791,211,60,600Североисточен
Ха НамФу Ли859,7784.045912,09,50,499Делта на Црвената Река
Ха ТињХа Тињ6.026,51.227.038203,614,90,543Северно централно крајбрежје
Хај ДуонгХај Дуонг1.652,81.705.0591.031,619,00,502Делта на Црвената Река
Хајфонг-----1.520,71.837.1731.208,146,10,595Делта на Црвената Река
Ханој-----3.119,06.451.9092.068,641,00,768Делта на Црвената Река
Хау ЗјангВи Тањ1.601,1757.300473,019,60,666Делта на Меконг
Хо Ши Мин-----2.095,17.162.8643.418,983,30,798Југоисточен
Хоа БињХоа Бињ4.684,2785.217167,615,00,595Северозападен
Хунг ЈенХунг Јен923,51.127.9031.221,312,10,501Делта на Црвената Река
Ча ВињЧа Вињ2.295,11.003.012437,015,30,676Делта на Меконг
Шок ЧангШок Чанг3.312,31.292.853390,319,40,554Делта на Меконг

Региони

Карта на регионите во Виетнам

Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања. Регионите се следниве:

  • Делта на Меконг (Донг Банг Сонг Ку Лонг)
  • Делта на Црвената Река (Донг Банг Сонг Хонг)
  • Југоисточен (Донг Нам Бо)
  • Северозападен (Тај Бак Бо)
  • Североисточен (Донг Бак Бо)
  • Северно централно крајбрежје (Бак Чунг Бо)
  • Јужно централно крајбрежје (Нам Чунг Бо)
  • Централен планински крај (Тај Нгујен)

Поврзано

  • Географија на Виетнам
  • Демографија на Виетнам
  • ISO 3166-2:VN

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица