Виктор Корчној

Виктор Корчној (руски: Ви́ктор Льво́вич Корчно́й) роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург), 23 март 1931 починал во Волен на 6 јуни 2016 година.

Виктор Корчној

Бил советски шаховски велемајстор на почетокот а подоцна и советско – швајцарски шаховски ас. Според стилот на играта бил нарекуван „Страшниот Виктор“.

За време на Втората светска војна Корчној живеел во Ленинград (денес Санкт Петербург) за време на неговата опсада (1941-1945).

Започнал да учи шах уште во неговата шеста година од животот. Станал советски мајстор во 1951 година, интернационален мајстор во 1954 година а велемајстор во 1956 година. Четири пати бил шампион на Советскиот Сојуз, а играл и за олимпискиот тим на истата држава. Како член на шаховскиот тим на Советскиот Сојуз има освоено 6 златни медали (одликувања). Осум пати играл во натпревари за кандидат за светски првак, а играл и двапати во финале против Анатолиј Карпов.

Емигрирал во Швајцарија во 1976 година и таму се здобива со статус на Швајцарски граѓанин во 1991 година. Тоа претставувала прва емиграција на врвни советски шахисти од Советскиот Сојуз кон државите од западот. На Филипините во 1978 година бил многу блиску до победа против Карпов во натпревар за светски првак.

Корчној бил повеќе од 50 години пласиран помеѓу 100те шахисти во светот на ранг листата. Сè до својата смрт бил врвна форма, а во поодминатите години од својот живот има победувано на турнири (2006 година освоил титула помеѓу ветерани). Виктор Корчној починал на 6 јуни 2016 година во градот Волен во Швајцарија во 86-тата година од својот живот.

Добро го говорел српскиот јазик.

Сè до својата смрт бил рангиран помеѓу првите 100 шахисти во светот.

периодпозицијарејтинг
Јануари 2007852629
Октомври 2005922620
Јули 20051002615
Април 2005962619
Јануари 2005902617
Јули 2003662628
Април 2003602632
Јануари 2003432642
Октомври 2002522634
Јули 2002592626
Април 2002512635
Јануари 2002542633
Октомври 2001452639
Јули 2001642617
Април 2001412643
Јануари 2001462639
Октомври 2000502632
Јули 2000632620

Табела со: пласман и рангирање на Корчној во периодот од јули 2000 до 2007 година

Успеси во шаховската кариера

Виктор Корчној многу долг период успеал да остане врвен шахист. Го восхитил светскиот шаховски свет кога на импресивен начин успеал да се квалификува на шаховското првенство на тогашниот Советски Сојуз (СССР) во 1952 година. Во тоа време СССР бил доминантна шаховска сила во светот. Во 1960 година за прв пат успева да победи на шаховското првенство на Советскиот Сојуз, додека второ место има освоено во 1962, 1964 и во 1970 година. Неговата најзначајна игра во целокупната шаховска кариера била онаа за титулата шампион на светот против Анатолиј Карпов. Тоа се случило во два наврата и тоа во 1970 и 1980 година. Финалните натпревари за кандидат за светски првак ги започнал во 1974 а траеле до 1981 година. Во сите тие натпревари играл против вкупно 8 светски прваци: Ботвиник, Таљ, Смислоц, Петросјан, Спаски, Фишер, Карпов и Каспаров. Против Таљ имал 13 победи, 6 порази и 29 нерешени натпревари - реми. Против Петросјан и Спаски имал позитивен исход, а против Ботвиник и Фишер имал нерешен резултат. За сите тие години бил втор играч на светската ранг – листа.

-     1960 - 1970 година шампион на Советскиот Сојуз – 4 пати

-     1968 година финален натпревар за кандидат со Спаски (1 победа и 4 порази) Киев, Украина

-     1974 година финален натпревар за кандидат против Карпов (2 победи и 3 порази) Москва, СССР

-     1977 година финален натпревар за кандидат против Спаски (7 победи и 4 порази) Белград, Југославија

-     1978 година натпревар за светски шампион во шах против Карпов (5 победи и 6 порази) Филипини

-     1980 година финален натпревар за кандидат против Хибнер (3 победи и2 пораза) Мерано, Италија

-     1981 година натпревар за светски шампион во шах против Карпов (2 победи и 6 порази)

Успеси на големи турнири

-        1960 година, СССР – прво место

-        1965 година, Ереван, Ерменија – прво место

-        1980 година, Лондон, Велика Британија – поделба од прво до трето место

-        1985 година, Тилбург, Холандија – поделба од прво до трето место

Карактерот на Корчној

Долго време за Корчној се мислело дека е лош и со циничен карактер поради неговиот остар поглед. Тој во суштина бил многу љубезен и пријатен човек и таквите првично донесени заклучоци за него го навредувале. Приказната за неговиот натпревар против Карпов била легендарна. Мистериозниот јогурт од јагоди кој го пиел за време на натпреварот, х - зраците, хипнозата, вртењето околу масата за игра и другите бизарности кои порано никогаш не биле забележани го карактеризирале тој натпревар.

Се говори дека постои анегдота во која во еден момент на една партија без ронка комплекс го запрашал судијата за големата рокада. Го запрашал судијата дали може да направи рокада на дамината страна кога неговиот противник го напаѓа полето Б1. Корчној подоцна ја продолжил партијата и победил во истата.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица