Восток 1

Восток-1 — првиот вселенски брод од советскиот вселенски програм Восток (Исток). Гагарин за 108 минути еднаш ја обиколил Земјата. Гагарин полетал од космодромот Бајконур, а се спуштил јужно од Саратов. Како резервни астронаути во програмата биле уште и Герман Титов и Григориј Нељубов.

Патеката на Восток 1 околу Земјата

При крајот на педесеттите години на 20 век наредната голема цел на вселенската трка била јасна - која светска сила прва ќе прати човек во орбитата. Советите имале очигледна предност, бидејќи Спутник 2, нивниот втор сателит, веќе тежел половина тон, а успеле да ги пратат сондите надвор од Земјиното непосредно соседство. На 12 април 1961 година, изненадувајќи ги сите во светот, соопштиле дека полковникот Јуриј Гагарин станал првиот човек кој летал во вселената во леталото „Восток 1“. Гаргарин се вратил на земјата како херој на СССР, а американската вселенска програма, што тогаш ја водела НАСА, повторно заостаувала. Мисиите Восток исто така отвориле ново поглавје во историјата со праќањето на првата жена во вселената и зголемување на времето поминато во орбитата, а во орбитата пратиле дури и повеќе летала наеднаш.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица