12 април

датум
<<април>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
282930
2024

12 април — 102-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (103-и во престапна година). Остануваат 263 денови до крајот на годината.

Настани:

467 Антемиј станал римски цар.
1204 Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград.
1557 Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор.
1606 Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство.
1633 Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј.
1861 Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина.
1877 Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка.
1917 Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија.
1945 Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција.
1961 СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин.
1966 Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981 Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
1992 Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа.

Родени:

570 Мухамедпророк и верски водач, основач на исламот.
1484 Антонио да Сангало Помладиот — италијански архитект од времето на ренесансата.
1577 Кристијан IV — дански крал.
1748 Антоан Лоран де Жисје — француски ботаничар, класификатор на цветните растенија.
1823 Александар Островски — руски драматург.
1839 Николај Пржевалски — руски истражувач.
1851 Едвард Волтер Маундер — англиски астроном.
1852 Фердинанд фон Линдеман — германски математичар.
1866 Викторија Пруска — пруска принцеза.
1851 Едвард Волтер Маундер — англиски астроном.
1871 Јоанис Метаксас — грчки фашист и диктатор.
1885 Робер Делоне — француски сликар.
1903 Јан Тинберген — холандски економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година.
1921 Сократ Маркилов — македонски борец.
1931 Леонид Дербењов — советски и руски поет.
1940 Херби Хенкок — американски џез-музичар.
1941 Боби Мур — англиски фудбалер.
1944 Хектор Чумпитаз — перуански фудбалер.
1948 Марчело Липи — италијански фудбалер и тренер.
1956 Рајко Коиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба.
1958 Гинка Загорчева — бугарска атлетичарка.
1961 Лиза Џерард — австралиска пејачка.
1971 Шенон Доерти — американска глумица.
1973 Кристијан Панучи — италијански фудбалер и тренер.
1974 Силвињо — бразилски фудбалер.
1979 Матеја Кежман — српски фудбалер.
1983 Јелена Докиќ — југословенска и австралиска тенисерка.
1986 Блерим Џемаили — швајцарски фудбалер со македонско потекло.
1987 Луиз Адријано — бразилски фудбалер.
1988 Рики Алварес — аргентински фудбалер.
1996 Матео Беретини — италијански тенисер.

Починале:

1555 Јована I Кастиљскакралица на Кастиља и Леон.
1817 Шарл Месје — француски астроном, автор на Месјеовиот каталог.
1938 Фјодор Шаљапин — руски оперски пејач.
1945 Франклин Делано Рузвелт — претседател на САД.
1963 Херби Николс — американски џез-музичар.
1977 Михо Чакеља — македонски архитект.
1981 Џо Луис — американски боксер, светски првак во тешка категорија од 1939 до 1949 година.
1997 Рајко Коиќ — српски рок-музичар, член на групата „Рибља чорба“.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица