Географија

Географија[1] (од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) или земјопис[2] — описна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на Земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.

Физичка географска карта на Земјата.

Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како Старите Грци, Арапите, Старите Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.

Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:

  • Физичка географија, чијшто предмет на проучување се физичките особини на Земјата (релјеф, светско море и слично)
  • Палеогеографија, која го проучува геолошкото минато на планетата Земја
  • Биогеографија, интердисциплинарна наука меѓу географијата и биологијата, а ја проучува разместеноста на живиот свет на Земјата
  • Педогеографија, чијшто предмет на проучување е разместеноста на почвите на Земјата
  • Геоекологија, која е интердисциплинарна наука на географијата и екологијата
  • Картографија, или цртање на географски карти (мапи), наука која ја претставува Земјината површина на географска карта или глобус
  • Хумана географија, која го проучува стилот и начинот на живот на човекот во одреден регион или држава, како и неговата стопанска дејност
  • Политичка географија, ја опишува политичката поделба на светот
  • Економска географија, ја проучува и опишува разместеноста на природните богатства на Земјата

и други дисциплини.

Наводи

Надворешни врски

Институт за географија-ПМФ Скопје Архивирано на 26 февруари 2021 г.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица