Географија на Франција

Додека континентална Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.[1]

Географски координати :

Европскиот дел на Франција зазема 547.030 км2,[2] заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. На 4.807  метри над морското ниво, највисоката точка на Европа, врвот Монблан, се наоѓа на Алпите на границата меѓу Франција и Италија.[3] Континенталниот дел на Франција има исто така и раширени речни системи меѓу кои реката Лоара, Гарона, Сенаи Рона, која го дели Централниот Масив од Алпите и се влева во Средоземното Море кај местото Камарг, најниската точка на Франција (2 м под морското ниво).[3] Корзика се наоѓа во Средоземното Море.

Француската економска зона се протега на 11 милиони км2 океан низ светот.[4]

Целосното копно на Франција, заедно со ДОМ и ТОМ (без Адели Ленд), изнесува 674.843 км2, 0,45% од целосното копно на Земјата. Сепак, Франција поседува втора по големина економска зона (EEZ) на светот, или 11.035.000 км2, приближно 8% од целосната површина на сите економски зони во светот, и се наоѓа веднаш зад Соединетите Држави (11.351.000 км2) пред Австралија (8.232,000 км2 ).[5]

Европскиот дел на Франција се наоѓа 41° и 51° северно, во западниот дел на Европа, па оттука лежи во северната температурна зона. Северот и северозападот имаа умерена клима, додека комбинација од морски влијанија, широчината и височината предизвикува разновидна клима во останатиот дел на континентална Франција.[6] На југоисток преовладува средоземна клима. Во западниот дел, климата главно е океанска со висок степен на врнежи, меки зими и свежи до топли лета. Во внатрешниот дел климата станува континентална со жешки, лета, постудени зими и со помалку врнежи. Климата на Алпите и другите планини главно е алпска, со голем број денови со температури под нулата и со 150 снежни денови каде снегот трае до 6 месеци.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица