Грчка војна за независност

Грчката војна за независност, исто така позната како грчка револуција (грчки: Ελληνική Επανάσταση, elliniki Epanastasi; отомански: يونان عصياني Yunan İsyanı) претставува успешна војна за независност предводена од страна на грчките револуционери помеѓу 1821 и 1830 година, со помош на неколку европски земји, против Османлиското Царство, кои пак биле помагани од страна на нивните вазалства Египет и Тунис.

Грчка војна за независност
Дел од Војни за независност
Датум 21 февруари 1821 – 12 септември 1829 [1]
(8 години, 6 месеци и 3 недели)
МестоБалкански Полуостров (главно во Грција) и егејско Море.
ИсходГрчка победа:
Завојувани страни
Грција Грчки револуционери

(Само во Битката кај Наварино)
 Османлиско Царство
Египет

(Само во поморски битки)
  • Османлиско Царство Вилает Тунис
Команданти и водачи
Грција Александар Ипсилантис
Грција Теодорос Колокотронис
Грција Димитрис Плапутас
Грција георгиос Караискакис 
Грција Константин Канарис
Грција Андреас Вокос Миаулис
Грција Јанис Макријанис
Грција Александар Маврокоедатос
Грција Марко Бочвар 
Филхелени:
Грција Лорд Бајрон
Османлиско Царство Султан Махмуд II
Османлиско Царство Омар Вриони
Османлиско Царство Махмуд Драмали Паша 
Османлиско Царство Решид Мехмед Паша
Египет Ибрахим Паша

Позадина

По распаѓањето на Византија и заземањето на Цариград од страна на Отоманското Царство, голем број на Грци се нашле под османлиска власт. Во тоа време, избувнале неколку револти од страна на Грците чија цел била добивањето на независност. Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основана во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале кревање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја поддржувал и Јоанис Каподистријас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал водач на востанието. На 25 март (сега Ден на Независноста на Грција) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.[2][3]

Почеток и тек на востанието

Злосторства против грчкото население во Константинопол, април 1821. Патријархот Григориј V бил погубен од страна на властите.

Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.[4]

Османлиите наскоро, како одмазда, го масакрирале грчкото население на Хиос и други градови. Овие настани предизвикале дополнителни симпатии на Западна Европа кон грчкото ослободително движење, иако некои се сомневале во руската позадина на востанието. Грчките востаници немале можност да создадат привремена влада на веќе ослободените делови на земјата. Војните продолжиле во 1825 година, кога османлискиот султан испратил огромна војска од Египет.

Странска интервенција против Османлиите

Поморската Битка кај Наварино од Амбруаз Луи Гарнере (1827).

По смртта на поетот Лорд Бајрон во 1824 година, западните сили увидиле дека е крајно време за нивна интервенција. Во октомври 1827 година, британските, француските и руските флоти, по иницијатива на локалните команданти, ја поразиле отоманската флота во Битката кај Наварино. Ова било одлучувачки момент во војна за независност на Грција. Во октомври 1828, француските војници пристигнале на Пелопонез во знак на поддршка. Под нивна заштита, Грците успеале да ја создадат владата.

Така, на 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистријас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I Грчки бил избран за првиот монарх на земјата.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица