Елбрус

Елбрус или Ељбрус (руски: Эльбрус; карачајско-балкарски: Минги тау) — заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа.[5] или највисока во западна Азија, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Елбрус (западниот врв) — висок 5.642 м; а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 м.

Елбрус
Поглед на Елбрус од север
Највисока точка
Надм. вис.5642 м [1]
Истакнатост4741 м X
Заведена какоседум врвови, седум вулкански врвови, највисок во земјата, ултра
Географија
Елбрус на карта

Карта

МестоРусија, на границата Европа-Азија
Матичен венецКавказ
ТопокартаЕлбрус и Горната Баксанска Долина[2][3]
Геологија
Старост на карпатанепозната
Видстратовулкан (заспан)
Последен избув50 г. ± 50 години[4]
Искачување
Прво освојување(западен врв) 1874, од Ф.К. Гроув, Ф. Гарднер, Х. Вокер, П. Кнубел и водичот А. Сотаев
(понизок врв) 22 јули 1829 од Х. Хачиров
Најлесен патобично искачување по снег/мраз

Потекло на поимот

Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз,[6] кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија.[6]

Географија

Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 ледници, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.[7]

Елбрус е сместен на тектонско подрачје во движење и се смета дека е поврзан со расед. Длабоко под заспаниот вулкан лежи магма.[8]

Поврзано

Наводи

  • Anthony Huxley, Standard Encyclopedia of the World's Mountains (New York: Putnam, 1962)
Елбрус 3D

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица