Руски јазик

источнословенски јазик

Руски јазик (руски: русский язык) — источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и национален јазик на Русија. Јазикот е службен и во Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, а се зборува на високо ниво во сите држави од поранешниот Советски Сојуз.[16][17] Рускиот јазик потекнува од староисточнословенскиот јазик и денес е најголем словенски јазик во светот со 150 милиони говорници. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на руската азбука.

Руски јазик
Русский язык
Изговор[ˈruskʲɪj jɪˈzɨk]
Застапен воРусија, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Германија, Израел, САД, Канада, и останатата руска дијаспора
Говорници150 милиони  (2010)[1]
110 милиони како втор јазик (нема датум)[2]
Јазично семејство
Претходни облици:
Писморуска азбука
Статус
Службен во
Признаен како малцински во
Регулативен органИнститут за руски јазик[13] при Руската академија на науките
Јазични кодови
ISO 639-1ru
ISO 639-2rus
ISO 639-3rus
Linguasphere53-AAA-ea < 53-AAA-e
(верзии: 53-AAA-eaa до 53-AAA-eat)
{{{mapalt}}}
Рускиот во Евроазија
  мнозински јазик
  малцински јазик
Руски јазик
Писмокирилица
ПримерПрв член од „Декларацијата за човекови права“
ТекстВсе люди рождаются свободными и равными в своём достоинстве и правах. Они наделены разумом и совестью и должны поступать в отношении друг друга в духе братства.
МакедонскиСите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј овој јазик е мајчин, а петти по вкупниот број на говорници.[18] Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазика на ООН.

Рускиот јазик има богата историја и на него се испишани едни од најголемите светски книжевни дела. Рускиот јазик бил мајчин јазик на писатели од рангот на Достоевски, Толстој, Тургенев, Пушкин или Булгаков.

Статус

Рускиот јазик е службен јазик во Русија, каде е и национален јазик. Исто така, рускиот јазик е службен и во Белорусија покрај белорускиот, во Казахстан покрај казашкиот, во Киргистан покрај киргискиот, во Приднестровие, Јужна Осетија и Абхазија. Во Украина јазикот не е службен, но има статус на регионален или малцински јазик со мал, општински, службен стгатус.[19] Рускиот јазик е службен јазик во ООН. Образованието на руски јазик е сè уште популарно во и надвор од Русија, поточно на просторот на поранешниот Советски Сојуз. Сè уште, во овие простори, се смета дека важно е децата да го научат јазикот.[20] Значително руско население има и во Латвија и Естонија, но не е признат како малцински или службен јазик. Рускиот јазик е еден од двата официјални јазика во Меѓународната вселенска станица. Астронаутите на НАСА кои служат заедно со руските најчесто посетуваат часови по руски јазик. Оваа пракса потекнува уште од 1975 година.

Писмо

Рускиот јазик користи руска азбука, која се заснова на кирилицата. Руската азбука има 33 букви:

А
/a/
Б
/b/
В
/v/
Г
/ɡ/
Д
/d/
Е
/je/
Ё
/jɔ/
Ж
/ʐ/
З
/z/
И
/i/
Й
/j/
К
/k/
Л
/l/
М
/m/
Н
/n/
О
/ɔ/
П
/p/
Р
/r/
С
/s/
Т
/t/
У
/u/
Ф
/f/
Х
/x/
Ц
/ts/
Ч
/tɕ/
Ш
/ʂ/
Щ
/ɕɕ/
Ъ
/-/
Ы
/ɨ/
Ь
/ʲ/
Э
/ɛ/
Ю
/ju/
Я
/ja/

Правопис

Рускиот правопис е делумно фонетски. Всушност, самиот правопис е еден баланс меѓу фонетскиот, морфолошиот, етимолошкиот и граматичкиот систем. Моменталниот правопис на рускиот јазик потекнува од драстичните јазични промени од 1918 година, а кодифицирани во 1956 година. Во 1990-те имало мали промени во самиот правопис, но не биле прифатени.

== Примери ==

  • Привет (неофицијално) - Здраво
  • Доброе утро - Добро утро
  • Добрый день - Добар ден
  • Добрый вечер - Добро вечер
  • Спокойной ночи — Добра ноќ
  • До свидания — Довидување
  • Пока (неофицијално) - Пријатно
  • Как ты? (рамките на значењето на „Как у тебя дела?“; неофицијално) — Како си?
  • Как вы? (рамките на значењето на „Как у вас дела“; официјално, уште множинската форма) - Како сте?
  • Что делаешь? (неофицијално) — Што правиш? Како си?
  • Что делаете? (официјално, уште множинската форма) - Што правите? Како сте?
  • У меня всё хорошо - Добар сум
  • Всего доброго - Сѐ најдобро
  • С днём рождения! - Среќен роден ден!
  • Благодарю (официјално и неофицијално) - Благодарам
  • Спасибо - Фала
  • Пожалуйста - Молам
  • Простите! - Простете!
  • Извините! (официјално) - Извинете!
  • Извини! (неофицијално) - Извини.
  • Который час? - Колку е часот?
  • Вы говорите? - Дали зборувате ...?
...по-английски - англиски
...по-болгарски - бугарски
...по-македонски - македонски
...по-сербски - српски
...по-гречески - грчки
...по-французски - француски
...по-немецки - германски
...по-итальянски - италијански
...по-испански - шпански
  • Да - Да
  • Нет - Не
  • Может быть (рамките на значењето на „Возможно“) - Можеби
  • Скоро увидимся - Ќе се видиме наскоро
  • Увидимся завтра (рамките на значењето на „До завтра“) - Ќе се видиме утре

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица