Електрична спроводливост

физичка величина

Електроспроводливост (специфична електрична спроводливост) е мерата во која еден материјал може да спроведува електрична струја. При поставување на електричен потенцијал низ еден проводник, подвижните полнења течат, создавајќи електрична струја. Спроводливоста σ соодносот помеѓу густината на струјата и силата на електричното поле :

.

Постојат и материјали каде спроводливоста е анизотропски, каде σ е 3×3 матрица, која е генерално симетрична.

Спроводливоста е реципрочна (обратна) на електричната отпорност и ја има SI единицата сименс на метар (S·m−1) т.е. ако електричното спроведување помеѓу две спротивни страни на 1-метарска коцка материјал е 1 сименс, тогаш елетричната спроводливост на тој материјал е 1 сименс на метар. Електроспроводливоста се изразува преку грчката буква σ, но повремено се користат и κ или γ.

Класификација на материјалите по спроводливост

Некои типични електрични спроводливости

Електро-
спроводливост (S·m−1)
Температура
(°C)
Белешки
Сребро63,01 × 10620Материјал со највисока ел. спроводливост
Бакар59,6 × 10620
Жарен бакар58,0 × 10620Единица која се користи како стандард за потврдување на легури или калење со алуминиум.
Алуминиум37,8 × 10620
Морска вода[1]5
Питка вода0,0005 до 0,05
Дејонизирана вода5,5 × 10−6Се менува во 1,2 × 10−4 кај вода без гасови [2]

Комплексна спроводливост

За анализирање на спроводливоста на материјали изложени на променливи електрични полиња, потребно е спроводливоста да се третира како комплексен број (или матрица комплексни броеви, во случај на горенаведените анизотропски материјали) наречена адмитивност. Оваа метода наоѓа примена кај електричната импедантна томографија, вид индустриска и медицинска визуелизација. Адмитивноста е збир од реалната компонента нарелена спроводливост и имагинарна компонента наречена сусцептантност. [1] Архивирано на 13 октомври 2010 г.

Зависност од температура

Електроспроводливоста е во голема мера зависна од температурата. Кај металите електроспроводливоста се намалува со зголемување на температурата, додека кај полуспроводниците зголемувањето на температурата знаи зголемена спроводливост. Низ извесен температурен дијапазон, електроспроводливоста може да се воопшти како правопропорционална на температурата. За споредување на мерењата на спроводливост при разни температури, тие треба да се стандардизираат (сведат) на заедничка температура. Оваа зависност често се изразува со нагиб на една графа на температура-спроводливост, и може да се користи:

каде

σT′ е електроспроводливоста при заедничка температура, T′
σT е електроспроводливоста при измерена темпаратура, T
α е нагиб на температурната компензација на материјалот,
T е измерената температура,
T′ е заедничката температура.

Нагибот на температурна компензација на највеќето води во природна состојба е околу 2 %/°C, но може да варира помеѓу (1 to 3) %/°C. На овој нагиб влијае и геохемијата, и може лесно да се одреди во лабораторија.

Наводи

Поврзано

  • Електрично спроведување - расправа за физичкиот извор на елетричната спроводливост
  • Електричен отпор
  • Електрична отпорност - обратно од електроспроводливост
  • Електромагнетни единици во SI системот
  • Топлотна спроводливост
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица