Ертан Шабан

Ертан Шабан (роден на 4 декември 1977 година) ― македонско-турски глумец и сценарист. Тој е од турска народност.[1][2][3] Роден е во Скопје, СР Македонија, СФРЈ. На неговиот мајчин јазик турски, тој може да зборува на истанбулски дијалект и скопско-турски дијалект.[4] Исто така, тој е повеќејазичен. Може да зборува македонски, бугарски, бошњачки, српски, албански, грчки, англиски, француски.

Ертан Шабан
Роден(а)4 декември 1977(1977-12-04)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
НародностТурчин
ДржавјанствоТурчин
ЗанимањеГлумец
СопружникИнџи Шабан (почината)
Ебру Озкан (в. 2016)
Деца1

Животопис

Завршил ветеринарен отсек во Средно училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево. Потоа студирал педагогија. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Долги години настапувал на сцената во различни претстави во Турско-албанскиот театар (денес Албански театар) заедно со неговиот брат Ерман Шабан и Љуран Ахмети.[5]

Потоа работел во театар во Франција. Дошол во Турција и почнал да глуми и да режира во театар, серии и филмови. Неговата пробивна улога е Алекс во историската серија Збогум Румелија (Elveda Rumeli) за Турците во Македонија, кога се распаѓала Отоманската Империја. Тој глумел во ТВ сериите Глува соба (Sağır Oda), Сопругата на обвинителот (Savcının Karısı), Мехмет: Освојувачот на еден свет (Mehmed: Bir Cihan Fatihi), Нека дојде животот како што знае (Gelsin Hayat Bildiği Gibi). Тој се приклучил на криминалните серии Долина на волците: Заседа (Kurtlar Vadisi: Pusu), Сакарија-Еуфрат (Sakarya-Fırat). Имал споредни улоги во Султан Маками (Sultan Makamı), Двор (Avlu), Голем егзил: Кавказ (Büyük Sürgün:Kafkasya). Негови значајни филмови се Без сенки (Gölgesizler), Деца од друго соседство (Başka Semtin Çocukları).

Тој е сосценарист и глумец на Лимонада (Limonata) во режија на Али Атај. Со Али Атај глумел во хумористичните серии Само биди среќен (Mutlu Ol Yeter), Шереф-бег (Şeref Bey) и во криминалистичките серии Денот на мечот (Kılıç Günü).[6]

Шабан се оженил со глумицата Ебру Озкан на 3 јуни 2016 година. Двојката има ќерка по име Бириџик.[7][8][9] [10]

Филмографија

Филмови
НасловГодинаЗабелешка
Како лош сон2003
Како убив светец2004
Контакт2005
Нето 2.02006
Без сенки2008
Деца од друго соседство2008
Ајде бре2010
Балканот не е мртов2012
Ќе си играш со мене?2013
Лимонада2015
Кикерон2019
Горчлива цреша2020
Баџилар2022
Игуана Токио2022
За жени2023
Семрежни серии
НасловУлогаГодинаЗабелешка
Голем егзил: КавказОмер како возрасен2015-2016
Откажете се сегаКапиџи2020
Шереф-бегЛуран2021
Во длабочините/Морски блесок С-245Умут2022
Ова е светотКреатиф2023
Акиф2023
ТВ серии
НасловУлогаГодинаЗабелешка
Во светот на бајките 22001
Седум приказни за љубовта и свршувањето2003
Султан МакамиПаљачо Рефик2003
АзизеЛевент2004
Сопругата на обвинителотДурсун2005-2006
Глува собаНогајхан Киримли2006-2007
Збогум РумелијаАлекс2007–2009
Денот на мечотСаваш Кизилтан2010
Полициска станицаКомесар Решат2011
Познав една женаУмут2011
Сакарија-ЕуфратТео2012–2013
Ден на мислењето на женитеХајалет Ертан2013
Никој не е совршенФерит2015
Само биди среќенБабур2015
Долина на волците: ЗаседаГолге2015–2016
Мехмет: Освојувачот на еден светКонстантин XI2018
ДворОгуз2019
Ако љубовта вели дојдиБарлас2020
До мојот последен здивВедат2022
Нека дојде животот како што знаеСади Пајасли2022-2023
Краток филм
НасловУлогаГодинаЗабелешка
Куклена претставаНасилник во автобус2000

Извор:[11]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица