Играч на сезоната во Премиер лигата на Англија е годишна фудбалска награда која се доделува во Англија, на играчот за кој се смета дека покажал најдобри игри во Премиер лигата за таа сезона. Добитникот го избира панел од спонзори на лигата составен од членови на „раководни тела на фудбалот, медиуми и навивачи“, а се објавува во втората или третата недела од мај.[1][2] Поради спонзорски причини, оваа награда била позната и како Карлинг Играч на годината од 1994 до 2001; Барклејкард Играч на годината од 2001 до 2004 година;[3] и Баркли Играч на сезоната од 2004 до 2016.[4][5] Од сезоната 2016-2017, таа се нарекува играч на ЕА Спортс Играч на сезоната.
Тјери Анри(лево), Немања Видиќ(во средина) и Кристијано Роналдо(десно) се играчите кои освоиле најмногу награди Играч на сезоната во Премиер лигата на Англија, по две има секој.