Калмарска Унија

поранешна земја во Северна Европа

Калмарска Унија (норвешки, дански, шведски: Kalmarunionen) – серија лични сојузи во периодот од 1397 до 1523 година[1], која ги обединила Норвешка, Данска и Шведска под еден монарх. Секоја од овие земји се одрекнала од својата сувереност, но не и од независноста. Во 1523 година, Шведска, незадоволна од данската доминација, излегла од сојузот основајќи суверена монархија под Густав I. Данска сепак ја контролира Норвешка сè до 1814 година, која потоа е под контрола на Шведска. Калмарската Унија ја создала данската кралица Маргарета I Велика во шведскиот град Калмар, кој тогаш се наоѓал на шведско-данската граница, откако данските и шведските сили со заедничка акција го победиле шведскиот крал Алберт од Мекленбург, кој бил со германско потекло.

Калмарска Унија
Kalmar Union
Личен сојуз
Kingdom of Denmark|
 
Kingdom of Norway|
 
Kingdom of Sweden|
1397 – 1523
 
Kingdom of Sweden|
 

ЗнамеГрбот на Ерик од Померанија
Местоположба на Калмарска Унија
Калмарска Унија, околу 1400
Главен градРоскилде (1397–1443)
Копенхаген (1443–1523)
ВероисповедРимокатолицизам

верски нереди (римокатолици/лутеранци) кон крајот на владеењето на Кристијан II
УредувањеЛичен сојуз
Регент
 - 1387–1412aМаргарета I (прва)
 - 1513–23bКристијан II (последен)
Законодавствориксрод и хередаг
(по еден во секое кралство)
Историски периодДоцен среден век
 - Воспоставување17 јуни 1397
 - Енгелбректов бунт1434–1436
 - Стокхолмско крвопролевањеноември 1520
 - Густав Ваза избран како
крал на Шведска
6 јуни 1523
 - Распад1523
Валутамарка, ортиг, норвешки фенинг, шведски фенинг
a.Маргарета I владеела со Данска 1387–1412, со Норвешка 1388–1389, и со Шведска 1389–1412
b.Кристијан II владеел со Данска и Норвешка 1513–1523; со Шведска 1520–1521

Шведска, незадоволна со данската доминација и нејзината политика на војување за делови од денешна Германија, првпат се побунила во 1439 година. Тој бунт бил задушен, но оној од 1470 година, траел со десетлетија. На крајот, Калмарската Унија пропаднала во 1523 година кога Густав Ваза бил избран за крал на Шведска.[2]Данска успеала да ја одржи контролата над Норвешка сè до 1814 година кога под притисок на Велика Британија и Шведска била присилена да ѝ ја предаде на Шведска.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица