14 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

14 март — 73-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (74-и во престапна година). Остануваат 292 денови до крајот на годината.

Настани:

1844 Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1891 Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1944 Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945 По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965 Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1995 Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996 Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.
2001 Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово.
2002 Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
2013 Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина.

Родени:

1681 Георг Филип Телеман — германски барокен композитор.
1820 Виктор Емануел IIиталијански крал, прв монарх на обединета Италија.
1862 Вилхелм Бјеркнес — основач на метеорологијата како наука.
1866 Алексеј Троицки — руски шаховски велемајстор.
1879 Алберт Ајнштајн — германско-американски физичар.
1908 Коча Поповиќ — српски и југословенски офицер, политичар, филозоф и писател.
1913 Доминик Татарка — словачки писател.
1926 Карлос Кони — бразилски писател.
1927 Методија Симоновски — македонски етномузиколог и поет за деца.
1930 Бистрица Миркуловска — македонска писателка за деца.
1930 Томо Шијак — македонски сликар.
1932 Методија Фотев — македонски романописец и поет.
1933 Квинси Џонс — американски музичар и продуцент.
1933 Мајкл Кејн — англиски глумец.
1975 Стив Харпер — англиски фудбалер и тренер.
1978 Питер ван ден Хогенбанд — холандски пливач.
1979 Никола Анелка — француски фудбалер.
1988 Стефен Кари — американски кошаркар.

Починале:

1883 Карл Маркс — германски економист и филозоф, основоположник на комунизмот.
1912 Петар Лебедев — руски научник, физичар.
1974 Мато Ловрак — хрватски писател.
1995 Вилјам Алфред Фаулер — американски јадрен физичар.
2018 Стивен Хокинг — англиски теориски физичар.
2021 Реџи Ворен — американски пејач.

Празници:

Ден на бројот пи
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица