Коралноморски Острови

надворешна територија на Австралија

Територијата на Коралноморски Острови е надворешна територија на Австралија составена од група мали и претежно ненаселени тропски острови и гребени во Коралното Море. Се наоѓаат североисточно од Квинсленд, Австралија. Населен е само островот Вилис. Територијата има површина од 780.000 km², од што најголемиот дел е океан. Територијата се протега источно и јужно од надворешниот раб на Големиот корален гребен и ги вклучува островот Хералдс Бикон, Оспреј гребенот, Групата на острови Вилис и петнаесет други гребени и островски групи. На Гребенот Като е највисоката кота на територијата.

Коралноморски Острови
Местоположба на Коралноморски Острови
Корална градина Акропора со џиновска мида. Коралноморските Острови

Историја и статус

Коралноморските Острови биле мапирани за прв пат во 1803 година. Кон крајот на деветнаесетиот век од островите се ископувал гвано, но недостигот на пивка вода оневозможило населување.[1] Коралноморските Острови се сметаат за австралиска надворешна територија од 1969 година по донесување на Законот за Коралноморските Острови (пред тоа биле дел од Квинсленд), а територијата им се проширила во 1997 година со вклучување на гребените Елизабет и Мидлтон кои се скоро 800 км јужно од останатите острови.

Островите и гребените од Големиот корален гребен не се дел од оваа територија, и му припаѓаат на Квинсленд. Надворешниот раб на Големиот корален гребен е граница меѓу Квинсленд и територијата Коралноморските Острови.

Територијата ѝ припаѓа на Австралија, управувана од Министерството за инфраструктура, транспорт, регионален развој и градови во Канбера. Претходно, била управувана од Министерството за правда и судови [2] и Министерството за транспорт и регионални услуги).[3] За одбраната се грижи Австралија, а територијата често е посетувана од Австралиската Кралска Морнарица.

На многу острови Австралија има поставено автоматски метеоролошки станици, а има и 200 наутички милји (370 км) ексклузивна рибарска зона. Нема економски активности (освен риболов и нуркање, кои не се квантифицирани), и има три-четири лица на островот Вилис (Јужно островче) кои раководат со метеоролошката станица, поставена во 1921 г.[4]

Географија

Карта на територијата на Коралноморските Острови

Има околу 30 засебни гребени и атоли, од кои дванаесет се целосно потопени за време на плима, а останатите 18 имаат 51 островче (од кои 18 се на атолскиот гребен Лихоу). На некои има вегетација. Величината на атолите е различна, од неколку километри во пречник до вториот најголем по површина (вклучувајќи ја и лагуната) атол во светот - Гребенот Лихоу, со големина на лагуната од 100 на 30 км и површина од 2500 km². Сите острови се многу ниски.

На Вилис Островите се гнездат птици и желки, но природните ресурси кои ги содржат се занемарливи. Опфаќаат помалку од 3 km² копно. Нема пристаниште, а бродовите можат само да се укотвуваат во близина.

Повеќето атоли се делат во две групи: Северозападна и Североисточна Група, гребенот Мелиш на исток и гребените Мидлтон и Елизабет на југ се групирани одделно.

Поврзано

  • Список на острови во Австралија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица