Риболов

Риболов или рибарство — стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана.

Риболов на Дојранското Езеро

Видови риболов

Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.

Езерскиот риболов е застапен на сите поголеми езера, како што се: Големите Езера во САД, Каспиското, Бајлакското, Аралското, Тангањика, Викторија, Њаса, Чад и др.

Речниот риболов е застапен на сите реки, а најмногу риба се лови на големите реки, како: Волга, Мисисипи, Ганг, Дунав, Јанцекјанг, Хоангхо и др.

Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.[1]
  • „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.[2]
  • „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.[3]
  • „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.[4]
  • „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
  • „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[6]
  • „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[7]
  • Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.[8]
  • „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[9]
  • „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
  • „Рибар“ (англиски: Fisherman) — песна на јамајската реге-група Конгос (The Congos) од 1977 година.[11]
  • „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.[12]
  • „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.[12]
  • „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[13]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица