Кореографија

Кореографија[1][2] (грчки: χορογραφία буквален превод — пишување на танц[3]) — посебна уметничка дисциплина во создавањето на сценско-музички танцови дела. Компонирање, аранжирање на сложени танцови елементи во единствена формално содржинска единица усогласена со музичката основа. Во таканаречениот класичен балет, оваа композиција мора да следи многу канони, додека во модерниот танц кореографите користат послободни форми.[4] Кореограф е музичко-сценски уметник кој создава танцови аранжмани (чекори, движења, фигури итн.) за театарска претстава (балет, драма, опера). Најкомплексни поставки се целовечерните балетски претстави. Најчесто, балетаните со богато танцово искуство и особен талент за овој вид креативна работа, кон крајот на својата активна играчка кариера се одлучуваат за кореографска работа.[4]

Кореографија за шпанскиот танц Качуча, опишана со користење танцова нотација
Кореографија на грузиската кореографка и примабалерина Нина Ананијашвили за балетот Лебедово езеро, 20 април 2007 година.

Етимологија

Зборот кореографија (грчки: χορογραφία) буквално значи „пишување танц“ и е формиран од грчките зборови „χορο“ што значи „кружен танц“, или буквално „играм во круг“ и „γραφία“ што значи „пишувам, бележам“.[4] За прв пат се појавил во американско-англискиот речник во 1950-тите,[5] и зборот кореограф (грчки: χορογραφ) за прв пат го користел Џорџ Баланчин во мјузиклот на БродвејНа твоите прсти “ во 1936 година.[6] Пред тоа, за сценските или филмските заслуги користеле фрази како „составите спремени од“,[7] „танцовите спремени од“,[8] или едноставно „танцови“ за означување на кореографот.[6]

Поврзано

  • Кореодрама

Наводи

Литература

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица