Кубањска Народна Република

поранешна држава

Кубањска Народна Република (КНР) или Кубанска Национална Република (КНР), (руски: Кубанская Народная Республика; украински: Кубанська Народна Республiка) — поранешна анти-болшевичка држава за време на Руската граѓанска војна, која ја опфаќа територијата на денешниот Кубањ во Русија.

Кубањска Народна Република
Кубанская Народная Республика
Кубанська Народна Республiка

 

1918–1920
ЗнамеГрб
Местоположба на {{{common_name}}}
Карта на Европа во 1919 година на која е прикажана Кубањската Народна Република (зелена) во Русија
Главен градКраснодар
ЈазициРуски,
Украински
ВероисповедРуска православна црква
УредувањеРепублика
Претседавач
 - 1917–1918, 1919Лука Бич
 - 1918–1919Николај Рабовол
 - 1919–1920Ф. Сушков
Атаман
 - 1917–1919Александар Филимонов
 - 1920Николај Букретов
ЗаконодавствоКубањска законодавна Рада
Историски периодПрва светска војна / Руска граѓанска војна
 - Основанамарт 1917
 - Прогласена република28 јануари 1918
 - Независност16 февруари 1918
 - Распадната17 март 1920
Население
 - 19183.500.000 
ВалутаРуска рубља

Републиката била прогласена од Кубањската Рада на 28 јануари 1918 година и ја прогласила својата независност на 16 февруари. Ја опфаќала целата територија на поранешната Кубањска област на Руското Царство. За време на својата кратка независност, таа неуспешно се обидела да се обедини со Украинската Народна Република и Демократска Република Грузија. Кубањската Народна Република била де факто окупирана од силите на Антон Деникин на 6 ноември 1919 година, пред да биде целосно окупирана и анектирана од Советите во пролетта 1920 година.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица