Лариса

Лариса (грчки: Λάρισα, старогрчки: Λάρισσα) — главен град на периферијата Тесалија во Средна Грција и седиште на округот Лариса. Лариса е исто така еден од најважните градови на Грција.

Лариса
Λάρισα
Лариса is located in Грција
Лариса
Лариса
Местоположба во областа
2011 Dimos Larisas.png
Координати: 39°38.5′N 22°25′E / 39.6417° СГШ; 22.417° ИГД / 39.6417; 22.417
ЗемјаГрција
ОбластТесалија
ОкругЛариса
Населби4+1
Управа
 • ГрадоначалникАпостолос Калојанис
Површина
 • Општина335,1 км2 (1,294 ми2)
 • Општ. един.122,6 км2 (473 ми2)
Надм. вис.&1000000000000006700000067 м
Население (2011)[1]
 • Општ.162.591
 • Општ. густина49/км2 (130/ми2)
 • Општ. един.146.926
 • Општ. един. густина120/км2 (310/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.41x xx
Повик. бр.241
Рег. таб.ΡΙ,ΡΡ
Мреж. местоwww.larissa-dimos.gr

Според името на градот беше именуван еден астероид, како и сателит на Нептун.

Име

Зборот "Лариса" на старогрчки значи "тврдина, упориште", а во старогрчката митологија нимфата Лариса е ќерка на грчкиот прататко од племето Пелазги, кои беа првите познати жители на областа. Ова племе имаше многу населби со ова име.

Природни услови

Градот Лариса се наоѓа во централниот дел на Тесалиската Рамнина, на реката Пенеј. Положбата на градот е многу поволна, бидејќи тоа е во близина на главниот пат во земјата, автопатот Атина - Солун.

Климата во Лариса е средоземна климаизменето средоземна, која се одликува со жешки лета и ладни зими со чести врнежи од снег. Лариса е познат како еден од најжешките грчки градови во летниот период.

Историја

Најстарите археолошки наоди од областа на Лариса покажуваат дека областа е населена уште од праисториско време.

Првите познати жителите на областа Лариса беа грчкото племе Пелазги. Во 5 век п.н.е. оваа област е вклучена во главните текови на цивилизацијата, но тоа беше на маргините на главните настани. Сепак, тоа е толку важно за да го посетат многу познати личности, филозофи како Хипократ и Горгија, кои починале тука. За време на Пелопонеската војна, Лариса беше на страната на Атина. Во 344 година областа на Лариса падна под власта на Античка Македонија, а во 196 година потпадна под римска власт. Во 5 век, градот станал седиште на архиепископија. Во средниот век, градот беше најдолго под византиска власт, накратко под средновековна Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под турско Лариса останува следните четири века, и е познат како "Новиот грчки град". Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, а месното муслиманско население масовно се иселува, во текот на грчко-турската војна 1897-1898.

Население

Лариса има 126.076 жители и е седмиот по големина град во Грција. Населението се главно етнички Грци. Движење на населението низ годините:

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица