Лекар

лице што професионално се занимава со медицина

Лекар[3] или доктор[4] — специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице што практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини (како што се анатомијата и физиологијата), основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.

Лекар
Докторот од Лук Филдс (детаљ)[1][2]
Занимање
НазивиЛекар или доктор
Видпрофесионалец
Надлежностимедицина, здравствена заштита
Опис
Способностиетичност, знаење и умеење на медицината, аналитичност, критичко размислување
Потребно образованиемедицински факултет
Дејностиклиники, болници, амбуланти
Сродни занимањадоктор по општа пракса

матичен лекарспецијалности

Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.

Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години[5] по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.[6]

После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.[7]

Опис на работата

Докторите се занимаваат со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи (лабораторија, рендген, ултразвук,итн.), ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.

Видови

Во рамките на медицината, постојат лекари по општа пракса и специјалисти. Ова се некои од специјалистите:

  • Хирург
  • Стоматолог
  • Интернист
  • Педијатар
  • Гинеколог
  • Инфектолог
  • Гастроентеролог
  • Кардиолог
  • Уролог
  • Нефролог
  • Офтамолог
  • Оториноларинголог
  • Ендокринолог
  • Онколог
  • Ортопед
  • Пулмолог
  • Хепатолог
  • Анестезиолог
  • Епидемиолог
  • Имунолог
  • Невролог
  • Психијатар
  • Дерматолог
  • Физијатар
  • Радиолог
  • Патолог
  • Специјалист по ургентна медицина
  • Специјалист по лабораториска медицина
  • Специјалист по социјална медицина
  • Специјалиста по спортска медицина

Лекарите како тема во уметноста и во популарната култура

Лекарите како тема во книжевноста

  • „Филозофот и еќимот“ - македонска народна приказна.[8]
  • „Познат“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[9]
  • „Без душа“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[10]
  • „Необичните доживувања на еден лекар“ - расказ на рускиот писател Михаил Булгаков.[11]
  • „Записи на младиот лекар“ - циклус раскази на Михаил Булгаков.[11]
  • „Лекарот препорачува“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[12]
  • „Перо како доктор“ (српски: Пера као доктор) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[13]
  • „Лекар на својата чест“ (шпански: El alcalde de medico de su honra) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1635 година.[14]
  • „Докторски маки“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[15]
  • „Срескиот лекар“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.[16]

Лекарите како тема во филмот

Лекарите како тема во музиката

  • „Д-р Роберт“ (англиски: Dr. Robert) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[18]
  • „Дама-доктор“ (англиски: Lady Doctor) — песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[19]
  • „Мил докторе“ (англиски: Dear Doctor) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[20]
  • „Доктор Џип“ (англиски: Doctor Jeep) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy.[21]
  • „Наредбите на докторот“ (англиски: Doctor's Orders) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1994 година.[22]
  • „Повикајте го докторот“ (англиски: Call The Doctor) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[23]
  • „Доктор Ву“ (англиски: Doctor Wu) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1975 година.[24]
  • „Докторе, докторе“ (англиски: Doctor, Doctor) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1968 година.[25]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица