Болест

Болест (латински: morbus) — нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.

Болна девојка, слика на Микаел Петер Анкер

Видови болести

  • Според динамиката на протекување
    • перакутни - протекуваат за 1-3 денови, понекогаш за часови или дури минути; такви се повеќето тровења, некои алергични состојби, некои инфективни болести и др.;
    • акутни - протекуваат за 2-7 денови; така протекуваат повеќето воспалителни процеси и инфективни болести, и др.;
    • субакутни - протекуваат за 7-20 денови; така протекуваат некои бактериски и габични инфекции, и др.;
    • хронични - траат повеќе од 20 денови; така протекуваат повеќето автоимуни болести, габичните инфекции, и др.
  • Според локализацијата
    • општи (генерализирани) - го засегаат целиот организам; такви се речиси сите заразни и метаболитни болести, и др.;
    • месни (локални) - засегаат строго ограничени делови; општите промени во организмот се незначителни; такви се повеќето кожни болести, траумите (изгорувања, скршеници, исшачувања итн.) и др.

Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести. Основните медицински науки, коишто ги изучуваат болестите во целост, се:

Некои од познатите болести во секојдневието

  • Апсцес- Abscessus, новоформирана патолошка шуплина, обвиена со капсула по чија внатрешност се расположени епителни клетки - исполнета со гној, при локализирано гнојно воспаление.
  • Хепатит - воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирус или токсична материја
  • Хепатит А - воспаление на црниот дроб предизвикано од RNK вирус, од фамијлијата Picornaviridae, а најчесто се пренесува со ингестија на контаминирана храна и вода.
  • Хепатит Б - воспаление на црниот дроб предизвикано од DNK вирус ( Hepatitis B virus, од фамилијата Hepadnaviridae) кој опстојува во крвта и најчесто се пренесува преку сескуален контакт или трансфузија на инфицирана крв или крвни производи.
  • Хепатит Ц - воспаление на црниот дроб предизвикано од ретровирус (Hepatitis C вирус, од familijata Flaviviridae) кое има слични клинички манифестациии како Hapatitis B.
  • Рак - Cancer, болест која се одликува со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации.
  • Гастритис - воспаление на слузокожата на желудникот, кое настанува поради дејство на неинфективни (на пример при примена на нестероидни антиифламаторни лекови - аналгетици) или инфективни (на пример бактерии од родот на хелиобактер) агенси.
  • Настинка - Акутно вирусно воспаление на горнореспираторниот тракт
  • Заушки - Акутно воспаление на задвиличната плунковна жлезда

Болеста како тема во уметноста и во популарната култура

Болеста како тема во народното творештво

  • „Митре и чума“ — македонска народна песна.[1]
  • „Гуга болна лежи“ — македонска народна песна.[2]
  • „Девет години болен лежав“ - македонска староградска песна.[3]
  • „Ајде болно лежи“ - македонска староградска песна.[4]
  • „Ајде разболе се мојто либе“ - македонска народна песна.[5]
  • „Разболела се Ирина мома“ - македонска народна песна.[5]
  • „Катинка болна легнала“ - македонска народна песна.[6]
  • „Три години болна лежам“ - македонска народна песна.[7]
  • „Раболела се Калина“ - македонска народна песна.[8]
  • „Калина грло болело“ - македонска народна песна.[9]
  • „Болна лежала Стојанка“ - македонска народна песна.[10]
  • „Болно лежит малој моме“ - македонска народна песна.[11]
  • „Ленче бре, Ленче, попово ќерче“ - македонска народна песна.[12]
  • „Ти се молам мајко ко ќе умрам“ - македонска народна песна.[13]
  • „Боледувањето на Ѓерзелез“ (српски: Ђерзелезово боловање) - босанска народна песна.[14]
  • „Болниот Јово и тамбурата“ (српски: Болани Јово и тамбура) - српска народна песна.[15]
  • „Болниот и болеста“ (српски: Боник и болест) - српска народна приказна.[16]

Болеста како мотив во книжевноста

Болеста како тема во популарната музика

  • „Ширење на болеста“ (англиски: Spreading the Disease) — албум на американската хеви-метал група Антракс (Anthrax) од 1985 година.[32]
  • „Време за разболување“ (англиски: Time to get ill) — песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.[33]
  • „Лепрозен“ (англиски: The Leper) — песна на американската рок-група Дајносор (Dinosaur) од 1985 година.[34]
  • „Болест“ (англиски: The Disease) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.[35]
  • „Сè уште болен“ (англиски: Still ill) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths) од 1984 година.[36]
  • „Градска болест“ (англиски: City Sickness) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.[37]
  • „Имам астма“ (англиски: I've Got Asthma) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).[38]
  • „Ерни имаше хернија“ (англиски: Ernie Had A Hernia) — песна на Тој долс.[39]
  • „Шампион во сипаници“ (англиски: Smallpox Champion) — песна на американската рок-група Фугази (Fugazi) од 1993 година.[40]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица