Лео Есаки

Реона Есаки (јапонски: 江崎 玲於奈 12 март 1925) исто така познат како Лео Есаки е јапонски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1973 со Ивар Јевер и Брајан Џозефсон за неговото откритие на феноменот на електронско тунелирање. Познат е по неговиот пронајдок на есакиевата диода која го експлоатирала тој феномен. Ова истражување било изведено со "Tokyo Tsushin Kogyo" (сега познато како Sony). Тој придонел како пионер во полуспроводноста во подредени уредувања на одредени атоми на суперрешетката додека бил во ИБМ.

Лео Есаки
Роден(а)12 март 1925(1925-03-12)(99 г.)
Осака, Јапонија
НационалностЈапонија Јапонец
ПолињаПрименета физика
Познат поелектронско тунелирање, Есакиева диода
Поважни наградиАсахиева награда (1959)
Стјуарт Балантинов медал (1961)
Нобелова награда за физика (1973)
Харолд Пендерова награда (1989)
IEEE медал на честа (1991)
Јапонска награда(1998)

Животопис

Бил роден во Осака, Јапонија. Студирал физика во Токискиот универзитет и таму дипломирал во 1947, а докторатот го завршил во 1959. Есаки бил награден со Нобелова награда[1] за истражување кое го спровел окулу 1958 во врска со електронско тунелирање[2] на цврсти материи. Се преселил во САД во 1960 и се придружил на ИБМ Томас Џ. Вотсоновиот истражен центар, каде што станал соработник со ИБМ во 1967. Неговата прва книга за полуспроводничката суперрешетка[3] била објавена додека бил со ИБМ. Коментар од Есаки во 1987 број на тековна содржина во врска со оригиналната книга за суперрешетките гласи:

Оригиналната верзија на книгата била одбиена за објавување од весникот „Физичка ревизија“ под изговор за прозаичното тврдење дека било ’премногу шпекулативно‘ и ’не вклучувало нова физика‘. Сеедно, набрзо потоа овој предлог бил прифатен од армиската истражна канцеларија...[4]

Последователно, тој бил претседател на бројни јапонски универзитети, како што се Цукубискиот универзитет и Шибаурскиот институт за технологија. Од 2006 тој е претседател на Јокохамскиот аптекарски колеџ. Есаки исто така е добитник на Поредокот на културата (1974) и Поредокот на изгрејсонцето (1998).

Поврзано

  • Голем обем на интегрирани технолошки кола : состојба на уметноста и изгледите : постапките на NATO институтот за напредно проучување на „Голем обем на интегрирани технолошки кола: Состојба на уметноста и изгледите“ Ерис, Италија, јули 15-27,1981 / уредено од Лео Есаки и Џовани Сончини (1982)
  • Определување на кондензирана физичка состојба и идните изгледи / уредено од Лео Есаки (1991)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица