Македонска опера и балет

Национална опера и балет (крат. НОБ) (англиски: National Opera and Ballet) — државна културна установа на Македонија.:

Национална опера и балет
КратенкаМОБ
Основана1947
Видкултурна национална установа
МестоСкопје
Директорм-р Васо Ристов
Вработениоколу 500
Мреж. местоmob.com.mk

Организација и менаџмент

Седиштето на „НОБ“ е на булеварот „Гоце Делчев“ бр. 4, Скопје.

Историја

Оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“, е изведена на 27 јануари 1949). И двата ансамбли работеле во рамките на МНТ.[1]

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација со име „Македонска опера и балет (МОБ)“. Во 2018 година, името на МОБ било променето во „Национална опера и балет“ или скратено „НОБ“.[2]

НОБ работел во рамките на МНТ во големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927). МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. Потоа, МНТ работел во привремениот објект „Театар Центар“, а тоа траело до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи НОБ, а за потребите на МНТ повторно била изградена, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.

На почетокот, во МОБ биле ангажирани тогашните расположливи професионални кадри, како и членови од аматерските хорски и оркестарски ансамбли. Подемот на операта започнал со доаѓањето на диригентот Ловро Матачиќ, кога биле комплетирани солистичката екипа, оркестарот и хорот и почнала да се реализира разновидна репертоарска политика, со нагласок на т.н. „железен репертоар“. Тоа создало услови, ансамблот на МОБ да гостува низ Југославија, како и во Лоѓ, Нирнберг, Букурешт, Стразбур, Софија, Тирана итн. Како последица на големиот интерес од публиката, во 1972 година бил основан фестивалот „Мајски оперски вечери[3]

Претстави

Опери

Балети

Галерија

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица