9 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

9 мај — 129-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (130-и во престапна година).Остануваат 236 денови до крајот на годината.

Настани:

1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945 Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947 Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик — „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978 Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро.

Родени:

1825 Џејмс Колинсон — англиски сликар.
1874 Хауард Картер — англиски египтолог.
1910 Љупчо Арсов — македонски револуционер.
1924 Булат Окуџава — советски поет, писател и музичар.
1945 Јуп Хејнкес — германски фудбалер и тренер.
1946 Кендис Берген — американска глумица и фото-модел.
1949 Били Џоел — американски поп-пејач.
1963 Сања Долежал — хрватска поп-пејачка, членка на групата „Нови фосили“.
1965 Сергеј Гаиков — руски кану-спринтер.
1968 Мари-Жозе Перек — француска атлетичарка.
1977 Марек Јанкуловски — чешки фудбалер.
1987 Кевин Гамеиро — француски фудбалер.
1988 Немања Бјелица — српски кошаркар.
1994 Давид Банаи — унгарски фудбалер.

Починале:

1805 Фридрих Шилер — еден од најпознатите германски поети и драмски писатели.
1903 Пол Гоген — француски сликар.
1957 Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1977 Хари Џонсон — канадски економист.
2010 Кирил Бујуклиев — македонски поет.

Празници:

Ден на победата над фашизмот
Ден на Европа.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица