Мато Ловрак

Мато Ловрак (8 март 1899, Велики Грѓевац, Бјеловар - 14 март 1974, Загреб) — хрватски писател за деца и педагошки работник.

Животопис

По завршувањето на образованието, цели триесет и пет години учителствувал во Хрватска, така што се здобил со големо педагошко искуство кое особено му користело во неговата писателска дејност.[1]

Творештво

Мато Ловрак е еден од омилените писатели за деца на просторите на поранешна СФР Југославија. Има напишано поголем број дела, од кои најзначајни му се: романите „Возот в снег“ (првобитно познат под насловот „Децата од Големо Село“), „Дружината на Перо Џумката“ и „Непријател број 1“, расказите „Сладок поток“, „Диво дете“, „Францек II, смелиот“, „Дока Бедаковиќ“, „Среќна земја“, „Анка Бразилијанка“, „Мицек, муцек и дедек“, „Пријатели“, „Нашите деца“, „Детето конзул“, „Прозорец до градината“, „Дијамант в стомак“ и првиот дел од педагошката трилогија „Три дена живот“.[2]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица