Мајска револуција

Мајската револуција (шпански: Revolución de Mayo) е збирен поим со кој се опфаќаат едноседмични настани одржани во Буенос Аирес, тогаш во Вицекралството Рио де ла Плата, Шпанска Империја. Настаните се одржале од 18 до 25 мај 1810 година и оваа револуција е почетокот на Аргентинската војна за независност. Тогашното вицекралство Рио де ла Плата било управувано од страна на вицекралот Балтазар Удалго де Сиснерос, кој по овие настани бил симнат од власт. На 25 мај власта во Буенос Аирес ја презела т.н. прва хунта. Мајската револуција е првата успешна револуција во Јужна Америка од периодот на војните за независност од шпанска управа.

Мајска револуција
Отворено кабилдо на 22 мај
Одржување на кабилдо на отворено на 22 мај 1810 година, слика на Педро Сиберкасо
Други имињаRevolución de Mayo
МестоБуенос Аирес
Датум25 мај 1810
ИсходВицекрал Балтазар Идалго де Сиснерос се симнува од власта и власта е преземена од првата хунта. Почнува аргентинската војна за независност во Рио де ла Плата.

Мајската револуција била како директна реакција на шпанската Полуостровска војна. Во 1808 година шпанскиот крал Фернандо VII абдицирал и ја предал власта на Наполеон, поточно неговиот брат. Ова не било добредојдено од страна на народот и се оформила Централната врховна хунта на Шпанија која пружила отпор на француската окупација на Шпанија. Ова било почетокот на т.н. Полуостровска војна, серија битки помеѓу шпанската хунта и француската империјална армија. Овие вести видливо ја задрмале политичко-социјалната атмосфера на шпанските колонии во светот, особено во Јужна Америка.

Вицекралот Сиснерос се обидувал да ја одржи политичката состојба во Рио де ла Плата во „статус кво“, но во тој план му се помешале група криолски (белци кои се родени во Јужна Америка) правници и воени лица. Криолците организирале отворено кабилдо (специјален собир на отворено каде се сретнувале градските благородници) на 2 мај. На собирот се разговарало за иднината на вицекралството. Делегатите го отфрлиле признавањето на Советот на Шпанија и основале хунта која имала за цел управување на сите вицекралски територии (не само денешна Аргентина). Првично се планирало Сиснерос да биде назначен како претседател на хунтата, но тоа не било прифатено од општата маса па така Синсерно дал отказ на 25 мај. Новоформираната влада, наречена „Прва хунта“ вклучила членови само од Буенос Аирес, а испратиле покани до останатите градови во поранешното вицекралство да испратат делегати. Ова резултирало со војна помеѓу регионите кои ја прифатиле идејата за тоа во кој правец да се движи новата држава, и тие кои биле против таквиот развој.

Иако немало формално објавување на независноста на Рио де ла Плата (Аргентина), сепак ова било почетокот на Аргентинската војна за независност. Слични настани се одвивале и во други региони во Јужна Америка, но Мајската револуција за смета за најраниот успешен обид. Формалната независност на Рио де ла Плата била објавена на Конгресот од Тукуман на 9 јули 1816 година.

Наводи

Литература

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица