Обединети Покраини на Рио де ла Плата

Обединети Покраини на Рио де ла Плата (шпански: Provincias Unidas del Río de la Plata), а првично именувана како Обединети Покраини на Јужна Америка (шпански: Provincias Unidas de Sudamérica), била независна држава во Јужна Америка која произлегла од поранешната шпанска колонија Вицекралство Рио де ла Плата, во регионот на Рио де ла Плата. Оваа држава произлегла од Мајската револуција во 1810 година и аргентинската војна за независност во периодот од 1810 до 1818 година. Буенос Аирес бил избран за главен град на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата.

Обединети Покраини на Рио де ла Плата
Обединети Покраини на Јужна Америка
Provincias Unidas del Río de la Plata
Provincias Unidas de Sudamérica
Конфедерација

1810 – 1831
 

 

Знаме на Обединетите Покраини, 1818Грб
Химна
Патриотски марш
Местоположба на Рио де ла Плата
Обединетите Покраини во 1816, за време на војната за независност и граѓанската војна.
Главен градБуенос Аирес
(1810-1820)
(1826-1827)
Јазицишпански
Вероисповедхристијанство
УредувањеРепублика
Историски периодНаполеонови војни
 - Британска инвазија на Рио де ла Плата1806-1807
 - Мајска револуција25 мај, 1810
 - објасвување на of
независноста
9 July 1816
 - Битката на Кепеда
крај на централниот авторитет
1 февруари 1820
 - Прво претседателство8 февруари 1826
 - Монтевидејски договор
Независност на Уругвај
28 авхуст 1828
 - Пакто федерал4 јануари, 1831
Валутареал (од 1813)
сол (од 1815)
пезо (од 1826)

Денес во аргентинската химна таа држава се нарекува Обединети Покраини од Југот, а според денешниот устав на Аргентина името „Обединети Покраини на Рио де ла Плата“ е едно од официјалните имиња на државата заедно со имињата Аргентина, Аргентинска Конфедерација и Аргентинска Нација.[1]

Местоположба

Обединетите Покраини на југ се граничеле со „територијата на староседелците“, име кое се користело за слабонаселените региони Пампас и Патагонија, кои денес се во составот на Аргентина. На север Покраините се граничеле со Гран Чако, регион кој бил и е под контрола на Парагвај, Боливија и Бразил, и Горно Перу (денешна Боливија). На запад преку Андите се наоѓала шпанската Генерална капетанија Чиле, подоцна независна држава Чиле. Североисточно од Покраините се наоѓала португалската колонија Бразил, а подоцна независната Империја Бразил. Во склоп на тогашните Обединети Покраини се наоѓале северните делови на денешна Аргентина, пола Уругвај (другата поливина била под окупација на Бразил), делови од современ Парагвај, делови од современа Боливија и делови од колонијален Бразил.

Историја

Битката на Маипу, 1819

Промената на Вицекралството Рио де ла Плата во Обединети Покраини на Рио де ла Плата не било само промена на управништвото (гувернерите), туку тоа бил револуционерен процес со што апсолутната монархија (Шпанска Империја) се заменила со република. Главна причина за ваквите промени се гледа во преродбата во Шпанија, која промовирала нови идеи, како и Полуостровската војна со која Шпанија останала без авторитетен челник. Концептот за поделба на властта или моќта станал алатка за спречување на деспотизам.[2]

Обединетите Покраини биле основани преку подолг процес кој започнал во мај 1810 годинам која граѓаните и милицијата на Буенос Аирес, главниот град Вицекралството Рио де ла Плата, го собориле шпанскиот вицекрал Балтазар Идалго де Сиснерос за време на Мајската револуција. Во тоа време немало формална објава на независноста, па така првата хунта или првата влада која произлегла од револуцијата објавила лојалност кон шпанскиот крал Фернандо VII во обид да го реформира економскиот, социјалниот, културниот и општествениот живот на Вицекралството. Веднаш штом овој процес започнал, се јавиле противници на таквата реформација на општеството и државата и целокупната насока на револуцијата. Со други зборови, Банда Ориентал (денешен Уругвај), Кордоба (денес сепак покраина на Аргентина), Парагвај и териториите на Вицекралството Перу не се согласувале со новата политика на Буенос Аирес и така оваа револуција останала чисто аргентинска, а не регионална како што била идејата.

Со започнувањето на војната за независност започнала и граѓанската војна во Обединетите Покраини, а како главна причина за паралелната граѓанска војна се несогласувањата за видов на државното уредување на новата држава.

Територии

Вицекралството Рио де ла Плата, до моментот на своето постоење било составено од следниве покраини:

Сите овие пет ја создале современата држава Боливија, бидејќи не се согласувале со Буенос Аирес, иако исрпатиле претставници на Конгресот од Тукуман.

Уругвај, тогаш именувана како Банда Ориентал, исто така исрпатил претставник на конгресот но не се сложувале со политиката на Буенос Аирес и се стремеле за основање на независна држава. Покраината Банда Ориентал станала, после неколку војни и немири, современата Уругвај.

Мисионес Ориенталес бил приклучен кон Бразил како резултат на Цисплатинската војна.

Подолните покраини горе долу имале покомпактна идеја за иднината на државата и заедно ја формирале современата Аргентина, а тогашна Обединети Покраини:

Поврзано

Наводи

Литература

  • Ternavasio, Marcela; Luis Alberto Romero (2007). Gobernar la Revolución. Buenos Aires: Siglo veintiuno editores. ISBN 978-987-1220-96-0.
  • Símbolos Nacionales de la República Argentina ISBN 950-691-036-7

34°40′00″S 58°24′00″W / 34.6667° ЈГШ; 58.4000° ЗГД / -34.6667; -58.4000

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица